Спорт
Челси ќе откупат договорот на Ковачиќ

Челси ќе го откупат договорот кој Матео Ковачиќ го има со Реал Мадрид. „Сините“ за Ковачиќ ќе платат 50 милиони евра. Со ова играчот од редот за врска само ќе се зацврсти на првата позиција на најголемите трансфери на фудбалерите од Хрватска. Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Ковачиќ, кога Реал на Интер им платија 38 милиони евра.
Ковачиќ, на почетокот на минатата сезона на барање на Маурицио Сари пристигна во Лондон. Одигра добро, настапи на 51 натпревар во сите натпреварувања, поради што „сините“ решија да го задржат.
Челси за трансферот на Ковачиќ на Реал ќе им вратат половина од парите кои од Мадрид пристигнаа за Еден Азар.
Иако Челси има забрана за трансфери во овој и наредниот преоден рок, можат да ја исплатат сумата за Ковачиќ бидејќи тој е веќе регистриран како фудбалер на „сините“, но комплетно трансферот мора да биде реализиран најдоцна до 30 јуни, односно пред да му заврши позајмицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милевски призна дека згрешил со формацијата и почетниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија и го препушти првото место на Белгија во квалификациската група Ј, за пласман на Светското првенство, откако одигра скромни 1:1 со Казахстан во Скопје.
Македонија е втора во групата со бод помалку од Белгија и три бода повеќе од Велс, но овие две селекции имаат натпревар помалку. Со оглед на распоредот што го има Белгија јасно е дека тие први ќе ја минат целта, додека Македоноја, во ноември, во Велс, во директен дуел со домаќинот ќе се бори за место во баражот.
Првото полувреме Македонија го одигра лошо и тој период го одреди понатамошниот тек од натпреварот.
Селекторот Благоја Милевски ја призна грешката, рече дека направил грешка со почетниот состав. Во неговата омилена формација 3-5-2, играше Рисотвски и Миовски.
„Влеговме малку нервозно во натпреварот, можеби и малку се почувствува заморот, но, сепак, сакам да им честитам на фудбалерите за се што дадоа на овие два меча против Белгија и вечерва против Казахстан. Со изданието во вториот дел, поблиску бевме до победа, меѓутоа не успеавме. Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација. Потоа направивме промени на полувремето и во вториот дел делувавме многу подобро“, изјави Благоја Милевски на прес-конференција.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Зеленортските острови прв пат во историјата ќе играат на СП

Фудбалерите на Зеленортските острови го победија Есватини со 3:0 и се квалификуваа за Светското првенство во 2026 година.
Оваа репрезентација ќе учествува на Светското првенство за прв пат во историјата. Оваа нација брои околу 550.000 жители, испиша историја бидејќи според површината е најмалата држава што некогаш играла на Мундијал.
Без никакви проблеми, Зеленорстдките островија потврдија улогата на фаворит во овој натпревар и обезбеди билет за ова натпреварување пред полни трибини.
Головите во триумфот ги постигнаа Роча Ливраменто, Семедо и Стопира.
Look what it means to Cape Verde after they qualified for the 2026 World Cup. 🥹🇨🇻 pic.twitter.com/LudDyNmjB2
— EuroFoot (@eurofootcom) October 13, 2025
Cape Verde 🇨🇻 has qualified to the 2026 World Cup, incredible.
A country with a population of roughly 500K people.
I know there are a lot of negatives with expanding the World Cup but this is one of the positives.Congrats to 🇨🇻, see you in the 🇺🇸
pic.twitter.com/8FMbRg0bjX— Tactical Manager (@ManagerTactical) October 13, 2025
Во истата група, Камерун ремизираше со Ангола и сега ги чека резултатите од другите натпревари, за да знае дали ќе се квалификува за Светското првенство како една од четирите најдобри второпласирани селекции.
Спорт
(Видео) Не помогна ниту евро голот на Барди – Казахстан однесе бод од Скопје

EPA/GEORGI LICOVSKI
Македонија не успеа да го победи Казахстан во претпоследниот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство. Вечерва во Скопје натпреварот заврши 1:1. По овој кикс на Македонија лидерската позиција во групата Ј ја презеде Белгија, која во Кардиф го победи Велс со 4:2.
Македонија одигра лошо прво полуреме, во кое и покрај тоа што казахстанскиот голман Сејсен имаше две брилијантни интервенции во периодот од 32-та до 34-та минута, делуваше бавно и без идеја.
Впечатокот е дека селекторот Милевски погреши што започна со Миовски и Ристовски во врвот на нападот.
Имаше и Казахстан голема шанса во првиот дел, но Чесноков во 19-та минута од три метри ја префрли топката преку голот.
Две измени на стартот на вториот дел ја раздвижија малку играта на Македонија. Но и тоа не беше доволни да се изврши посилен притисок кон голот на противникот.
Караман во 54-та минута ја искористи лошата проценка на Столе Димитиревски, по која настана мешаница во шеснаестникот, а Казахстанецот со ножички погоди за 0:1.
Шокантно делуваше тој гол за нашите фудбалери, кои набргу конечно влего во ритам, запомнаа да притискаат. Костадинов не реализира по еден час игра.
Изедначувањето дојде во 74-та минута. Капитенот Барди постигна брилијантен гол од слободен удар. Топката изпратена од 28 метри не можеше да ја одбрани Сејсен.
Тпј гол им даде дополнителна енергија на македонските фудбалери, имаше шанса Трајковски во 84-та минута и Серафимов во последните секунди од натпреваот но резултатото остана 1:1.
Табела: