Спорт
Челси ќе се пресели на „Вембли“ за комплетно да го реновира „Стемфорд Бриџ“

Сопствениците на Челси се откажаа од изградбата на нов стадион и ќе го реновираат „Стемфорд Бриџ“. За време на реновирањето нема да можат да играат натпревари на стадионот, па ќе мора привремено да се преселат.
Како што пренесуваат медиумите на Островот, Челси одлучи во тој период да игра како домаќин на „Вембли“.
Целосниот ремонт на „Стемфорд Бриџ“, уривањето на стадионот и изградбата на нов на негово место, може да потрае и до пет години. Се очекува само демонтажата на постоечките објекти да трае околу година и половина. За овој период на „сините“ од Лондон ќе им биде потребен привремен дом, а тоа би требало да биде „Вембли“.
Доколку случајно Челси одлучи истовремено да го реновира стадионот и да продолжи да игра на „Стемфорд Бриџ“, целиот процес би можел да биде продолжен до 10 години, проценуваат експертите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Консеисао го презеде Ал Итихад

Португалскиот тренер Сержио Консеисао, кој е беше без работа откако во мај го напушти Милан во мај, го презеде Ал Итихад, актуелниот шампион на Саудиска Арабија.
„Победата не е избор. Таа нè дефинира. Противниците можат да се менуваат, сојузниците да паѓаат, но шампионот останува. Тој е господар на играта. Јас сум Сержио Консеисао, дојдов да изградам слава со Ал Итихад“, рече Португалецот во видео објавата, во која не беа наведени деталите за договорот, неговата должина или финансиските услови.
Поранешниот тренер на Порто, 50-годишниот Консеисао, го наследи Французинот Лоран Блан, кој беше отпуштен на 28 септември по поразот од Ал Наср (0:2).
Ал Итихад, во кој играат Карим Бензема и Н’Голо Канте, ја освои двојната круна минатата сезона, првенството и купот, а моментално е трет во саудиската лига.
Фпто/ Принтскрин
Спорт
Макаби славеше во израелското дерби во Евролигата

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив го победија Хапоел со 103:90 во првиот натпревар 3. коло од Евролигата. Натпреварот се одигра во Софија, каде што Хапоел како домаќин ги игра натпреварите во Евролигата.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, се играше во серии, а потоа Макаби успеа на „крилата“ на Џефф Даутин Џуниор да направи клучна предност и рутински го до заврши натпреварот.
Ова беше прва победа на Макаби во сезоната, како и прв пораз на Хапоел.
Во редовите на „Гордоста на Израел“, се истакна Лони Вокер со 20 поени, два скока и четири асистенции и потоа Ошај Брисет со 19 поени и четири скока.
Џеф Даутин Џуниор и Џален Хорд постигнаа двоцифрен број поени по 13 поени, додека Роман Сокрин постигна 12, а Тамир Блат 11 поени со четири скока и седум асистенции.
Кај Хапоел се истакна Елајџа Брајант со 18 поени, а потоа следуваа Антонио Блејкни со 16, Ден Отуру со 15 и Василије Мициќ со 14 поени и четири асистенции.
Спорт
Пелистер загуби со двоцифрена разлика од Висла

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот првак доживеа убедлив пораз од Висла 36:25.
Еурофарм Пелистер на Висла и се спротивстави само во првите 20 минути. Една третина од натпреварот избраниците на Рубен гарабаја делуваа добро на теренот. Битолчани имаа предност 8:9, кога започна серијата на Висла од 6:1.
Таа серија се покажа како клучна за преостанатиот тек на натпреварот. Висла на полувреме замина со предност 18:14.
Вториот дел Висла рутински го одработи, на десет минути до крајот домаќинот дојде и до двоцифрена предност (30:20), на крајот полскиот тим победи 36:25.
Пелистер го предводеше Дејан Манасков со седум гола, кај Всла најефикасен беше францускиот репрезентативец Мелвин Ричардсон со осум погодоци.
Foto/ EPA