Спорт
Челси, Премиер лигата и УЕФА контра Тери за неговиот НФТ-проект
Челси, Премиер лигата и УЕФА го ставија под истрага поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, откако тој промовира продажба на дигитални уметнички дела преку таканаречени НФТ-токени (non-fungible tokens).
Челси неодамна го врати Тери во клубот како консултант, но демантира дека се вклучени во продажбата на клипартот, на кој е претставен мајмун во дресот на Челси со капитенска лента, и најави дека се консултира со Премиер лигата и со УЕФА за можното нарушување на правата на клубот, лигата и на Федерацијата.
Тери е последен од фудбалерите што му дадоа поддршка на проектот преку Ape Kids, во кој се цртаат мајмуни со ликот на фудбалерите, откако претходно беа вклучени Ешли Кол, Вилијан, Рис Џејмс, Марко Верати, Теми Абрахам, Ешли Кол и Нигел де Јонг.
НФТ-токените се уникатни дигитални фотографии базирани на блокчеин-технологијата, која поддржува криптовалути, како биткоин, и во последно време на аукција достигнуваат високи суми. Иако се работи за дигитална фотографија што може да се копира бесконечно, тој што го има дигиталниот сертификат може да биде сигурен дека ја има единствената оригинална копија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: Мбапе? Тој не постои вечерва

Реал Мадрид го освои пехарот во Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез даде одговор и за неуспешниот обид да го доведе Килијан Мбапе. Секако, истакна дека тоа веќе не е важно.
„Мбапе? Тој вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид, а тоа е нешто што осана во минатото. Ништо не се случило. Реал Мадрид имаше совршена сезона“, изјави Флорентино Перез.
Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е за свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.