Спорт
Челси со мега-понуда од 105 милиони фунти за Фернандез, Бенфика подготвена за договор

Тренерот на Бенфика, Германецот Роџер Шмит признава дека клубот нема да може да го заддржо Енцо Фернандез во тимот ако Челси ја плати откупната клаузула, откако „сините“ според „Телеграф“ дале понуда од 105 милиони фунти, што би било најголем британски трансфер во историјата.
Ако овие вести се покажат како вистинити, тоа значи дека Челси во последните два преодни рока ќе потроши над 500 милиони фунти, но исто така дека се очајни да се склучи договор за 22-годишниот Аргентинец, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на СП во Катар. Претходно, Бенфика одби прва понуда од 75 милиони фунти и втора понуда од 112 милиони фунти, но на три рати.
„Додека е отворен преодниот рок, ние сме подготвени. Сите знаеме за ситуацијата со Енцо, тој има откупна клаузула и ако клуб ја плати, тоа се многу пари и не можеме да го спречиме. Ќе бараме друго решени“, изјави Шмит за „А бола“.
Според „Телеграф“, луѓето на Челси утре ќе се сретнат со официјалните претставници на Бенфика во Лисабон во обид да го комплетираат договрот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барди: Малта само мислеше како да се одбрани, ќе бидеме подобри со Украина и со Англија

„Десетката“ на Македонија, Енис Барди, смета дека нашиот национален тим сосема заслужено стигна до победа од 2:1 на вечерашниот меч против Малта во Скопје. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите.
„Заслужено победивме, постигнавме два гола, можевме и уште некој. Првиот чекор од овие квалификации беше успешен, очекувам да играме уште подобро против Украина и против Англија. Тешко е да се игра против Малта која само мисли како да се одбрани. Ќе бидеме уште подобри во иднина. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за поддршката“, изјави Енис Барди.
Македонија на 27 март ја очекува и пријателски натпревар против Фарски Острови на арената „Тодор Проески“.
Спорт
Хари Кејн најдобар стрелец во историјата на Англија

Kапитенот на Англија, Хари Кејн, со 54 гола вечерва стана рекордер во историјата на фудбалска репрезентација на гордиот Албион, откако беше стрелец на натпреварот против Италија во Неапол, во квалификациите за ЕП 2024 година.
Англија ја победи Италија со 1:2 во првото коло од групата Ц, а Кејн за националниот тим го постигна 54. гол на 81 натпревар.
Фудбалерот на Тотенхем го собори рекордот што го делеше со Вејн Руни, кој постигна 53 гола на 120 натпревари за англиската селекција.
Кејн ќе може да го подобри својот рекорд веќе о недела, кога Англија во второто коло ја пречекува Украина на „Вембли“.
Спорт
Милевски: Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни, важен е триумфот

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта го стартуваше новиот циклус квалификации за пласман на ЕП 2024. Елмас и Чурлинов беа стрелци на головите за нашиот национален тим, кој, сепак, не блескаше.
Селекторот Благоја Милевски доби црвен картон во завршницата од мечот.
„Добив црвен картон затоа што сум го напуштил просторот за водење на тимот крај клупата. За тоа се добива жолт картон, но ете јас поцрвенев. Сакам да им честитам на момците, за енергијата, за желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви со ривали како Малта се најопасни. Најважно е дека победивме, а од натпревар во натпревар сме сѐ подобри. За жал, имаме повреди. Ѓоко Зајков со итна помош е одведен во болница, а Адеми се повреди на последниот тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.