Спорт
Челси брка 0:1 против незапирливата Борусија, Бенфика има 2:0 против Бриж
Вечерва ќе ги добиеме првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Од 21:00 часот се среќаваат Бенфика – Клуб Бриж и Челзи – Борусија Дортмунд.
Португалците бранат два гола предност од Белгија, додека Челси има минимална негатива по првиот натпревар во Германија.
Логично, вечерното дерби се игра на „Стемфорд Бриџ“.
И покрај поразот во првиот меч, во Челзи се оптимисти пред реваншо, со оглед на тоа што во Дортмунд „сините“ упатија 21 удар кон голот на Борусија.
Навивачите се убедени дека Грегор Кобел повеќе нема да има толкава среќа и дека барем еднаш ќе ја извади топката од мрежата.
Сепак, Челзи го очекува тешка задача. Тие не се во форма, тоа го покажуваа резултатите во Премиер лигата, додека Борусија игра брилијантно од почетоот на 2023 година.
„Милионерите“ се во перфектна серија од десет победи на десет натпревари во сите натпреварувања, минатата недела ги победија и Баер Леверкузен (2:0) и Лајпциг (2:1).
Очекувани состави:
Челзи: Кепа – Чалоба, Кулибали, Фофана – Џејмс, Ковачиќ, Фернандес, Чилвел – Мудрик, Феликс, Хаверц
Борусија: Кобел – Волф, Зиле, Шлотербек, Гереиро – Џан, Озџан – Брант, Белингем, Ројс – Але.
Многу помала тензија се очекува на вториот меч бидејќи Бенфика пред своите навивачи во Лисабон брани од 2:0 против Клуб Бриж.
Покрај тоа, „орлите“ се во одлична форма, победија на осум од последните девет натпревари во сите натпреварувања, а единствениот пораз го забележаа на пенали во Купот од Брага.
Последен тим што и одолеа на Бенфика во 90 минути игра беше градскиот ривал Спортинг.
Бенфика последниот пораз го доживеа на 30 декември исто така во Брага.
Од друга страна, Бриж е во очајна форма во овој дел од сезоната. Белгискиот тим на последните 11 натпревари има само две победи. .
Во Лисабон пристигнуваат по дебакл на гостувањето кај Остенде (3:0).
Очекувани состави:
Бенфика: Влаходимос – Бах, Антонио Силва, Отаменди, Грималдо – Орнес, Флорентино – Жоао Марио, Нерез, Рафа Силва – Гонзало Рамос
Клуб Бриж: Мињоле – Мата, Мехеле, Сила, Мајер – Сова, Нилсен, Ванакен, Бјукенан – Јутгла, Ланг.
Во среда се закажани реванш натпреварите Баерн – ПСЖ (прв натпревар 1:0) и Тотенхем – Милан (0:1).
Следната недела ќе играат Манчестер Сити – Лајпциг (1:1), Реал Мадрид – Ливерпул (5:2), Порто – Интер (0:1) и Наполи – Ајнтрахт (2:0).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

