Спорт
Челзи мора да плати за да го врати Санчо на „Олд Трафорд“

Фудбалскиот клуб Челзи нема да ја го откупи договорот на Џејсон Санчо од Манчестер јунајтед.
Ова значи дека поанешниот англиски репрезентативец ќе се врати од позајмицата од „Стемфорд Бриџ“ на „Олд Трафорд“.
Поради клаузула во договорот, бидејќи нема да го откуши договорот на Санчо, Челзи ќе мора на Јунајтед да му плати 5.000.000 фунти.
Санчо се пресели во Лондон на крајот од минатото лето откако се скара со тогашниот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.
Фудбалерот, за чии услуги „црвените ѓаволи“ во летото 2021 година издвоија 73 милиони не ги исполни очекувањата на „Олд Трафорд“
Кога го ангажираа, „сините“ покрија половина од неговата плата од 300.000 фунти неделно со клаузула да го откупат за 25 милиони фунти ако завршат над 14-то место во Премиер лигата или да платат за неговото враќање во Манчестер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ливерпул го доби Мерсисајд дербито

Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да доминираат во Премиер лигата. Шампионот на Англија ја забележа петтата последователна победа во лигата од почетокот на сезоната, против големиот градски ривал Евертон.
Мерсисајд дерби на „Енфилд“ заврши со резултат 2:1. „Црвените“ заслужено славеа, но нивните навивачи повторно стрепеа во финишот на натпреварот.
Холанѓанецот Рајан Гравенберх блескаше. Тој го постигна водечкиот гол и асистираше за вториот гол на натпреварот. Евертон се врати во натпреварот со голот на Гана Геје, но „карамелите“ немаа сили да стигнат барем до еден бод.
Фото/ Пронтскрин
Спорт
Големо засилување за Ефес, клубот го претстави Џордан Лојд

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес, објави турскиот клуб.
Американецт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков.
Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето.
Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во дресот на Полска на Европското првенство, каде што, заедно со Матеус Понитка, даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето.
Овој комбо бек имаше просек од 22,4 поени, 3,3 скока и две асистенции по натпревар.
Во вторникот, вицешампионот на Евролигата го официјализираше доаѓањето на плејмејкерот на Бурса, Давид Мишино, а малку порано, Монако го засили и бекот на Црвенз звезда, Немања Недовиќ.
Лојд требаше да има важна улога во тимот и следната сезона, но поради неговите одлични игри на Евробаскетот, неколку клубови од Евролигата веќе контактираа со неговите менаџери.
Реал исто така беше заинтересиран за Лојд, но тој трансфер не успеа бидејќи имаше премногу пречки.
Тој играше и за Хапоел Елиот, пред да игра за Репторс и развојната Џи лига, а потоа играше за Валенсија, Звезда, Зенит, Макаби и Монако.
Тимот предводен од српскиот тренер Игор Кокошков се засили ова лето со Ајзеа Кординије, Јоргос Папајанис, Ник Вајлер-Баб, Давид Мутаф, Брајс Дезер, како и НБА играчите Кол Свајдер и Кај Џонс.
Спорт
Бошко Ѓуровски се струполи зад говорницата на комеморацијата на Дејан Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки.
Присутните веднаш го кренаа Ѓуровски, а тој брзо се освести и се чувствуваше добро по укажаната помош.
Секако, здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледи, а најважно е што немало никаков удар врз неговиот организамшто веднаш би му го загрозило животот.
Неофицијално, Ѓуровски доживеал моментален колапс бидејќи бил потресен за време на говорот.
Поранешниот селектор на Македонија, легенда на македонскиот фудбал, во еден дел од кариерата му бил тренер на Миловановиќ. Поранешниот капитен на Црвена звезда почина во вторникот на 42-годишна возраст за време на натпреварот на ветерани помеѓу Звезда и ПКБ.
Foto/ Starsport/Peđa Milosavljević