Спорт
Четири тренерски смени во Серија Б
Вчерашниот ден донесе смена на четворица тренери во италијанската Серија Б. Откази на тренерите им поделија Беневенто, Комо, Пиза и Перуџа.
Беневенто го отпушти Фабио Касерта по поразите од Калјари и Бреша, а медиумите пишуваат дека неговото место на клупата може да го наследи Фабио Канаваро.
Минатата сезона Пиза беше многу блиску до промоција, но на почетокот од оваа сезона во првите шест кола освои само два бода, што беше доволна причина за прекин на соработката со Роландо Маран. На негово место ќе дојде Лука Д’Анџело.
Како нов член на Серија Б, Комо влезе во оваа сезона со големи очекувања, но поради здравствени проблеми на тренерот Џакомо Гатузо, мораше да ја прекине соработката со него. Италијанските медиуми пренесуваат дека нов тренер на Комо би можел да биде Морено Лонго.
Перуџа го раскина договорот со Фабрицио Кастори по само една победа, едно реми и пет порази. Се наведува дека следен шеф на клубот би можел да биде Силвио Балдини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ го детронизира Синер, ќе се бори за 11-от трофеј на Австралија Опен
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, успеа да се пласира во финалето на Австралија Опен. Освојувачот на 24 Гренд слем титули, во полуфиналето по четири часа и 12 минути, го победи бранителот на трофејот Јасник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4). Ѓоковиќ, в недела, во своето 11-то финале во Мелбурн, за противник ќе го има Карлос Алкараз, кој претходно во пески меч од пет часа и 27 минути го победи Александар Зверев. Раритет на овој меч е што Синер загуби и покрај тоа што вкупно освои повече поени.
Петтиот сет од дуелот, беше вистински ролекостер. Ѓоковиќ спаси осум брејк топки, два пати три поврзани, еднаш две. За разлика од Синер, кој брејк шансите не ги искористи, Ѓоковиќ ја искористи првата своја шанса во седмиот гем.
Во 10-от гем, кога сервираше за меч, Ѓоковиќ ја искористи третата меч топка.
Со оваа победа, Ѓоковиќ ја прекина серијата од пет порази во дуелите со Синер.
Спорт
Горецка ќе го напушти Баерн
Германскиот фудбалер Леон Горецка го напушта Баерн на крајот од сезоната, објави клубот од Минхен.
„Леон Горецка ќе го напушти Баерн ова лето по осум успешни години. Дотогаш, ќе направиме сè што можеме за да освоиме повеќе титули заедно! Ајде да го направиме тоа“, се вели во соопштението на Баерн на социјалната мрежа X.
Горецка (30) дојде во Баерн од Шалке во 2016 година. Играчот за врска ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, шест титули во германското првенство и два Купа со клубот од Минхен.
Одигра 292 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна 47 гола.
Од 2014 година, Горецка е стандарден член на германската репрезентација, за која одигра 67 натпревари и постигна 15 гола.
За неговите услуги во зимскиот преоден рок се интересираа неколку клубови, најконкретен беше Атлетико Мадрид, но фудбалерот реши да остане во Минхен до крајот на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Навреден од понудата за новиот договор Бензема стапи во штрајк
Карим Бензема стапи во штрајк, навреден од понудата што ја добил од Ал-Итихад за продолжување на договорот.
Договорот на Бензема истекува на крајот од сезоната 2025/26. Тој заработува неверојатни 1,61 милион фунти неделно, или повеќе од 230.000 фунти дневно, објави „Дејли Мејл“.
Според пишувањата на француските медиуми, и 38-годишниот Бензема и клубот сакале да ја продолжат соработката. Сепак, откако клубот му ја презентирал понудата во четвртокот, напаѓачот бил толку лут што решил да не игра против Ал Фатех (2:2).
Бензема почнал да тренира одвоено од остатокот од составот бидејќи смета дека првата понуда за продолжување на договорот била „навредлива“.
Добитникот на „Златната топка“ во 2022 година наводно го обвинил клубот дека го принудил да „игра бесплатно“ на почетокот на неговиот договор, профитирајќи исклучиво од неговите права на имиџот.
Иако Бензема има одлична индивидуална сезона со осум гола на 14 настапи, неговиот Ал-Итихад е шести на табелата на саудиската професионална лига. Се смета дека францускиот напаѓач ги разгледува своите опции да го напушти клубот и да се врати во Европа.
Бензема моментално е третиот најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти. Лионел Меси заработува малку повеќе од него во Интер Мајами, 96,9 милиони фунти, додека двајцата се во сенка на Кристијано Роналдо, чија плата во Ал-Наср е неверојатни 194 милиони фунти годишно.
Foto/ depositphotos

