Спорт
Четворица го водат бунтот против Јулијан Нагелсман
Баерн го тресе огромна криза. Три дена по големото славење против Барселона, во Аугсбург запишаа пораз и оттогаш страстите во Минхен не се смируваат. Тоа беше четврти неуспех во низа за Баерн и моментно е само четврти тим во Бундеслигата. По нерешените резултати против Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт, Баварците го претрпеа првиот пораз во новата сезона.
Германските медиуми пренесуваат дека во соблекувалната Нагелсман ги критикувал играчите и барал објаснување од нив за лошата игра, но на прес-конференцијата јасно ставил до знаење дека е свесен оти сноси најголема одговорност.
„Размислувам за сè. За себе. За ситуацијата. За сè“, рече тренерот на Баер на крајот од своето обраќање до медиумите.
Недолго потоа германски „Спорт 1“ објави дека Нагелсман сè уште е убеден оти играчите се најмногу виновни за моментата состојба.
Ги обвинувал за неефикасноста, но и за тоа што акциите во завршната третина не се играат онака како што тој рекол дека треба. Од друга страна, веќе извесно време во германските медиуми се пишува дека играчите се незадоволни од односот на тренерот.
Денес, „Спорт 1“ објави текст во кој посебно го анализирал секој играч, со опис на тоа кој од нив е фрустриран од односот на тренерот. Четворица играчи се истакнати како водачи во бунтот против Нагелсман. Според овој извор, тоа се Садио Мане, Џошуа Кимих, Леон Горецка и Рајан Гравенбер.
„Мане се загуби по извонредниот старт. По Барселона, најави дека ќе се подобри, но веќе против Аугсбург повторно се виде дека Баерн има причина да се грижи бидејќи го одигра најлошиот натпревар по доаѓањето во клубот. Наводно е тажен и безволен“, пишува „Спорт 1“.
„Гравернберх е бесен бидејќи сезонава одигра само 218 минути, Горецка затоа што не добива доволно можности, мундијалот е сè поблиску, а на Кимих му пречи општата состојба во клубот и не му се допаѓаат некои идеи на тренерот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.
Спорт
Петков 55-ти во велеслалом, Бразилецот Боротен ја растури конкуренцијата
Лукас Пинеиро Бротен е олимписки шампион во велеслалом, кој се возеше во Бормио. Тој го освои првиот златен олимписки медал во алпско скијање за Бразил.
Норвежанецот, кој пред две години одлучи да скија за татковината на неговата мајка, направи подвиг на Зимските олимписки игри во Италија. Со стартен број 1, тој возеше совршенa прва трака.
По првата трка, тој имаше дури 95 стотинки предност пред првиот фаворит Швајцарец Марк Одермат. Во втората, тој успеа да го издржи притисокот и да стигне до тронот со 58 стотинки повеќе во исклучително тешки временски услови. Тој ја запре штоперицата на точно 2:25.00.

Одермат не можеше да направи ништо повеќе.Во втората трка, тој имаше одличен старт, но мала грешка во средниот дел од патеката можеби го чинеше да дојде до златниот медал. Ова е неговиот трет медал во Милано, но се уште нема злато. Тој има две сребрени и еден бронзен медал во колекцијата.
Лоик Мајард, уште еден Швајцарец, заврши на најниската скала од подиумот, 1,17 секунди зад Бротен.
Во велеслаом настапи и македонскиот репрезентативец Виктор Петков. На крајот, по дете трки тој го освои 55-то место во конкуренција на 81 натпреварувач, со 23,37 секунди послабо време од победникот Бротен.
Foto/ MOK

