Спорт
Член на семејството Ањели го дизајнира новото лого на италијанската федерација
Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го откри своето ново лого во обид да го модернизира изгледот на Федерацијата, која ја донесе европската титула ова лето. Интересно, тоа е дизајнирано од „Италија индепендент“, креативната агенција чиј претседател е Лапо Елкан, член на семејството Ањели, сопствениците на Јувентус, Фиат и Ферари.
„Како Италијанец, нема нешто што ме прави погорд од дизајнирањето на логото на ФИГЦ“, вели Елкан, кој е братучед на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Редизајнот е иницијатива на претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, во обид да се покаже дека „почна проектот на иновации“ во италијанскиот фудбал. Слично како Белгија, Германија и Шпанија, сега Федерацијата на Италија ќе има поинакво лого од националната репрезентација.
Логото е со сина подлога, како дресот на „аѕурите“, со боите на италијанската тробојка и со четирите ѕвезди, кои ги претставуваат четирите титули од Светските првенства на Италија.
La Figc svela il nuovo logo istituzionale disegnato dalla Independent Ideas di Lapo Elkann https://t.co/AxlhNhs8zD pic.twitter.com/EMhvFEYFR0
— Calcio e Finanza (@CalcioFinanza) October 4, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

