Спорт
Циципас без мака во трето коло, таму се и Зверев, Фоњини, Иснер…
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас (5-ти на АТП-листата), без поголеми проблеми, обезбеди пласман во третото коло на грен слем турнирот „Ролан Гарос“. Тој предмалку со максимални 3-0 (6-3, 6-4, 6-3) славеше против Шпанецот Педро Мартинез (103-ти на АТП-листата).
Иако грчкиот ас загуби четири поени на свој сервис, сепак квалитетот беше пресуден за нов максимален триумф без загубен сет по стартните 3-0 против Шарди во првото коло.
Претходно, пласман во следната рунда на париската земја обзебеди Германецот Александер Зверев, кој со 3-0 беше подобар од рускиот тенисер Сафиулин. Зверев во два од трите сета мораше да игра тај-брејк против 182. на АТП-листата.
Пласман во следна фаза имаа ветеранот Џон Иснер, кој со 3-0 го совлада Србинот Краиновиќ, исто така на двапати играјќи тај-брејк, но денеска без грешка беше Италијанецот Фоњини по 3-0 против Унгарецот Фучович – (7-6, 6-1 и 6-2).
Еве ги резултатите од сите други досега завршени натпревари на машкиот дел од турнирот:
Делбонис – Андухар 3-2
Ѓере – Кецмановиќ 3-2
Руд – Марчак 3-0
Лаксонен – Баутиста Агут 3-1
Давидович Фокина – Ван де Занхулп 3-2
Качанов – Нишикори 2-3
На женскиот дел од „Ролан Гарос“ без поголеми изненадувања, ова се постигнатите резултати:
Зидансек – Брендл 2-0
Кирстеа – Тревисан 2-1
Касаткина – Бенчич 2-0
Синиакова – Кудерметова 2-1
Тан – Вондрусова 0-2
Херцог – Гарсија 2-0
Колинс – Калинина 2-0
Бадоса – Ковиниќ 2-0
Азаренка – Тусон 2-0
Фернандес – Кејс 0-2
Павличенкова – Томљановиќ 2-0
Во тек е мечот на Американката Серена Вилијамс против Романката Бузарнеску.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Скимо“ дебитираше на ЗОИ
За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.
Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.
Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.
Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).
Foto/ EPA
Спорт
И Куртоа му се придружи на Ѓоковиќ во проектот Ле Ман
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана малцински сопственик на француски Ле Ман.
Како што беше најавено, Куртоа стана еден од акционерите на францускиот тим, откако минатата година Новак Ѓоковиќ им се приклучи на поранешните Ф1 возачи, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како нов малцински сопственик на овој француски тим.
Куртоа ѝ се обрати на јавноста во четвртокот и откри дека им се придружил на други познати личности како дел од инвестициската група „NXTPLAY“, која е фокусирана на развој и раст како дел од проекти за втор мандат.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели и искуството од приклучувањето на голманот во францускиот тим.
Foto/ depositphotos
Спорт
Прв спискот на Берокал како селектор на Македонија
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европоското првенство во 2029.
За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје на 27 февруари) и Азербејџан (во Баку на 2 март), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).
На списокот ги нема играчите од Евролигата, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија
Извор и Фото/ mkd.basketball

