Спорт
Циципас: Јас да бидам прв? Аха, мислите во групата
Младиот Грк Стефанос Циципас истакнал дека ќе го даде најдоброто од себе во дуелот со првиот светски рекет Рафаел Надал иако веќе има обезбедено пласман во полуфиналето на завршниот мастерс.
Циципас во второто коло убедливо го порази Александар Зверев (6:3, 6:2). Гркот претходно славеше над Медведев.
„Последниот меч го играм против Рафа, свесен сум колку ќе биде тешко. За него, мечот е важен за да се пласира во полуфиналето. Голем предизвик ме чека. Можам многу да научам во мечевите против Рафа, Новак, Роџер… Знаете, сите сме ги гледале на телевизија, секогаш сакавме да бидеме дел од тоа. Тоа е она што ни дава дополнителен мотив“, рекол Циципас.
„Запрашан дали знае што му е потребно да биде прв во групата, Циципас во чудо одговорил: „Јас да бидам прв?“
Кога новинарот му рекол дека го прашува за првото место во групата, Циципас одговорил.
„За момент помислив дека постои шанса да бидам прв во светот. Тоа не би било лошо. Се понадевав, морам да бидам искрен. Ако одиграм добро, ако забележам добар резултат, верувам дека заслужувам како прв да влезам во полуфиналето“, заклучил младиот грчки тенисер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

