Спорт
Циципас: Надал, Ѓоковиќ и Федерер стареат, сакам грен-слем трофеј!
Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас во новата сезона како главна цел го постави освојувањето на грен слем титула и место меѓу тројцата најдобри во светот на тенисот.
Грчкиот тенисер 2019 ја заврши како шести тенисер во светот, со трофеј од Завршниот мастерс во Лондон. За 2020 има уште поголеми амбиции.
„Знам дека многу луѓе зборуваат за грен слем титулите, тоа е неизбежно на интернет, но мислам дека АТП-кругот се шири. Нада, Ѓоковиќ и Федерер стареат, а ние младите туркаме. Од моја страна, освојувањето на грен слем ми е една од целите во 2020 година, тоа е неспорно“ – изјавил Циципас.
Тенисерот кој ќе учествува на егзибицискиот турнир во Абу Даби вели
„Не е прашање на живот или смрт, ама сакам следната година да ја завршам меѓу тројцата најдобри во светот. Тука се Надал, Федерер и Ѓоковиќ, па ќе морам да ги поминам“ – вели Циципас.
Утре негов противник на турнирот во Абу Даби ќе му биде рускиот тенисер Андреј Рубљов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ландо Норис: Пораката на Кејси Стонер ми ја донесе титулата
По девет години во Мекларен, Ландо Норис конечно ја освои титулата светски шампион во Формула 1. Британецот признава дека поддршката од неговите колеги и легенди на мотоспортот во клучните моменти била клучна.
„Кога бев во најлоша состојба, Кејси Стонер ми ја испрати пораката: „Верувај во себе и направи го тоа“, и тоа навистина ми помогна“, рече Норис, истакнувајќи ја важноста на поддршката и советите од Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и другите светски шампиони.
Сепак, смиреноста и беспрекорно извршената стратегија на Мекларен во последната трка во Абу Даби му овозможија да заврши трет на патеката „Јас Марина“, доволно за да го обезбеди шампионскиот трофеј.
„Понекогаш два бода се сè што ви треба. Благодарен сум им на сите околу мене“, додаде Норис.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џошуа е во стабилна состојба, починаа членовите на неговиот тим
Боксерскиот свет беше потресен во понеделник од веста дека Ентони Џошуа бил вмешан во сообраќајна несреќа во која загинале две лица. Боксерот, исто така, се здобил со повреди и бил однесен во болница.
Двајца од најблиските пријатели на Џошуа и членови на неговиот тим, Сина Гами и Латиф Адојеле, ги загубија животите во оваа несреќа.
Оваа вест беше официјално потврдена од промотивната компанија на Џошуа, „Matchroom Boxing“, која издаде соопштение за медиумите:
„Ентони Џошуа беше вмешан во сообраќајна несреќа во Лагос. Со длабока тага ве известуваме дека двајца од неговите пријатели и членови на тимот, Сина Гами и Латиф Адојеле, починаа.“
„Mechrum Boxing“ и „258 BXG“, можат да потврдат дека Џошуа се здобил со повреди во несреќата и бил однесен во болница на преглед и лекување. Неговата состојба е стабилна, но тој ќе остане под надзор.
Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Ве молиме да се почитува нивната приватност во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението.
Foto/ freerangestock
Спорт
Избор на „Лекип“: Словенец и Канаѓанка се најдобри во светот
Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, и Самер Мекинтош, канадска пливачка, беа избрани за најдобри спортисти во светот во анкета на познатиот француски спортски весник „Лекип“. Погачар и Мекинтош прв пат во кариерите ја добија оваа награда.
Погачар го победи шведскиот скокач со стап Армандо Дуплантис во тесна борба.
Погачар собра 821 поен, а Дуплантис 799. Двајцата беа далеку пред конкуренцијата, третопласираниот шпански тенисер Карлос Алкараз имаше 252 поени. За потсетување, Дуплантис, минатата недела ја доби, беше прогласен занајдобра европски спортист, во традиционалниот избор на полската новинска аганеција, ПАП.
Во женска конкуренција немаше неизвесност, Канаѓанката Мекинтош победи со 628 поени. Зад неа беа две американски спортистки, Сидни Меклафлин-Леврон со 516 и Мелиса Џеферсон-Вуден со 425 поени.
Погачар го освои Тур де Франс во 2025 година, негова четврта победа во кариерата на најпрестижната трка во светот. Покрај тоа, 27-годишниот Словенец ја потврди својата доминација со победи на Трката околу Фландрија и Ломбардија и трката Лиеж-Бастон-Лиеж.
Самер Мекинтош се истакна на Светското првенство во Сингапур оваа година, освојувајќи четири златни медали. Канадската тинејџерка победи на 400 метри слободен стил, 200 метри пеперутка и 200-400 метри мешано.
Foto/ depositphotos

