Спорт
Циципас за Ковид 19: Споделуваме спомени, не вирус, биди одговорен!
„Оние кои што ги сакаме може да се поранливи од нас на коронавирусот, затоа, прифати ги заштитните мерки за да можеме набргу, одново, исто како порано, да ги прегрнеме оние кои што ги сакаме“. Ова го порача грчкиот тенисер Стефанос Циципас на социјалните мрежи како порака за младите пред, се во Грција, да не го занемаруваат опасниот вирус.
„Ниту еден наш чекор не е навистина безгрижен ова лето. Бидејќи, враќајќи се од нашиот одмор, секој твој чекор, секој мој чекор, на секој млад, нè приближува до нашите родители, баби и дедовци. Оние кои што ги сакаме може да се поранливи од нас на коронавирусот. Затоа прифати ги заштитните мерки, биди одговорен на секој твој чекор, за да можеме набргу, одново, исто како порано, да ги прегрнеме оние кои што ги сакаме“ – вели Циципас.
Тенискиот ас напиша „Споделуваме спомени, не вирус“ и „Остануваме безбедни“.
Όσοι αγαπάμε μπορεί να είναι πιο ευάλωτοι από εμάς στον κορωνοϊό. Γι' αυτό αγκάλιασε τα μέτρα προστασίας. Για να μπορέσουμε σύντομα να αγκαλιάσουμε ξανά όσους αγαπάμε, όπως παλιά.@govgr pic.twitter.com/0Zl6YJ65yD
— Stefanos Tsitsipas (@StefTsitsipas) August 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Чудесна четвртина на Дончиќ, Лејкерси ги декласираа Клиперси
Лука Дончиќ одигра чудесна прва четвртина, го заврши натпреварот како најдобар стрелец и асистент, а Лос Анџелес Лејкерс ги победија Лос Анџелес Клиперс со 135:118. Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, во кој двата тима имаа резултат од 2:0 до овој натпревар.
За потсетување, НБА Купот се игра како дел од сезоната, а неговите натпревари, сите освен финалето, се сметаат во односот на тимовите, на табелата во регуларниот дел од сезоната.
Натпреварувањето се игра прво во групи, шест групи од по пет тима, од кои победниците влегуваат во четвртфиналето. Вклучува и еден од најдобрите второпласирани тимови од групната фаза од секоја конференција.
Клиперс го пречекаа градскиот дуел со негативна серија од десет порази во последните 12 натпревари, а Лејкерс влегоа во пресметката со серија од четири последователни победи и осум победи во последните десет натпревари.
Лејкерс славеа предводени од суперѕвездата, Лука Дончиќ. Словенецот имаше одлична прва четвртина во која ги погоди своите први пет обиди за тројка. Четвртината ја заврши со постигнати 24 поени. На полувремето постигна 32 поени, а во втората половина малку запре. Средбата ја заврши со учинок од 43 коша, девет скока и 13 асистенции.
Леброн Џејмс исто така беше добар за Лејкерси, постигна 25 поени, имаше шест скока и шест асистенции. Остин Ривс додаде 31 поен и имаше девет асистенции.
За Клиперси, Џејмс Харден беше најдобар со 29 поени и девет асистенции за соиграчите, додека Кавај Ленард и Крис Дан додадоа по 19 поени. Ивица Зубац го заврши натпреварот со дабл-дабл, со по 10 поени и скокови.
НБА, резултати:
Вашингтон – Атланта 132:113
/Меколум 46 – Порзингис 22/
Филаделфија – Орландо 103:144
/Мекси 20 – Блек 31/
Спорт
Голманот на Челзи: Каде е Јамал? Ене го во џебот на Кукуреља
Челзи ја победи Барселона со 3:0 на домашен терен во петтото коло од Лигата на шампионите. Автоголот на Жил Кунде во 27-та минута, односно Естевао во 55-та и Лиам Делап во 73-та минута го решија победникот во натпреварот, во кој Барселона од 44-та минута играше без исклучениот капитен Роналд Араухо.
Покрај стрелците на головите (Естевао и Делап), брилијантните Каиседо и Енцо Фернандез во редот за врска, херој на победата на Челзи, беше левиот бек Марк Кукуреља.
Шпанецот совршено го бранеше колегата од репрезентацијата, Ламин Јамал, десното крило на Барселона.
„Каде е Јамал? Кукуреља го стави во џеб“, рече по мечот голманот на Челзи, Роберт Санчез и испрати уште една порака до младата ѕвезда на Барселона: „Сите се одлични додека не дојдат во Англија“.
Кога го прашаа дали Барселона била фаворит, тој одговори со насмевка: „Барселона фаворит? Ние сме фаворити“, заклучи Санчез, кој му аплаудираше на Кукуреља кога му беше врачена наградата за играч на натпреварот.
Кукуреља објасни како го запрел Јамал: „Се обидов да му ја направам играта што е можно потешка. Се обидов да го насочам кон средината, каде што е Каиседо. Не можев да го оставам сам на десната страна. Тоа е неговата послаба нога, но никогаш не можеш да бидеш сигурен со играчи како него“.
Foto/ EPA
Спорт
Сантос без Нејмар до крајот на сезоната
Фудбалскиот клуб Сантос, без Нејмар, ќе мора да ги води клучните битки за опстанок во елитната бразилска конкуренција.
Нејмар, во понеделникот го пропушти натпреварот против Интернационал. Во клубот беа сигурни дека станува збор за лесна повреда, но деталните медицински прегледи откриле проблем со менискусот, што значи дека сезоната за него заврши.
Нејмар ќе ги пропушти преостанатите три натпревари, а последното се игра на 7 декември.
Славниот Бразилец одигра три натпревари по ред, но по средбата со Мирасол почувствува болка. Токму затоа тој направи превентивна пауза за да биде подготвен за домашниот натпревар оваа недела против Спорт.
„Она што изгледаше како безопасна ситуација се претвори во сериозен проблем, пишува „Ас“.
Ова е четвртата повреда на Нејмар во 2025 година. Претходните три се случија во март, април и септември, и токму овие проблеми го спречија да добие континуитет во играта и да се врати во бразилската репрезентација.
Сантос, моментално се во зоната за испаѓање, еден бод зад безбедната зона. Секој исход освен победа над Спорт Ресиве би бил рамен на катастрофа. Потоа, Сантос гостува кај Хувентуде, а сезоната ја завршува дома против Крузеиро.
Foto/ EPA

