Спорт
#ContraCR7: Навивачите на Атлетико не го сакаат Роналдо во нивниот тим
Навивачите на Атлетико започнаа кампања на Твитер за да го спречат нивниот клуб да го потпише Кристијано Роналдо.
Веќе со денови една од главните теми е судбината на Португалецот. Се шпекулира дека сака да го напушти Манчестер јунајтед, но не може да најде клуб.
#ContraCR7 si viene este a mi atleti doy de baja mis dos abonos…. No somos un asilo para recoger la escoria
— Miguel Parraga (@diablo_685) July 23, 2022
Според медиумите од трката за неговиот потпис се повлекле Челси и Баерн Минхен, Реал одбил да го врати на „Сантијаго Бернабеу“, па според овие извори единствено Атлетико биле заинтересирани за него.
Навивачите на Атлетико Мадрид, кои се едни од најверните во Шпанија, не го сакаат Роналдо во нивниот клуб.
Escoge a tu villano favorito. A tu némesis. A tu tipo más odiado.
Bien.
Ahora mételo en tu fiesta de cumpleaños. Tus vacaciones. De compañero de trabajo. O en tu cama.
Y grita "siuuuuuu!", Bien fuerte.#ContraCR7
— cochise (@cochiseATM) July 24, 2022
Со хаштагот „“#ContraCR7 навивачите испратија доста драматична порака до клубот, но и до поранешниот играч на Реал и се заканија дека ќе го откажат членството во клубот доколку Роналдо стане „Јорганџија“.
Aquí otro socio, como cualquier Atlético que se precie, totalmente en contra de esta barbaridad. #ContraCR7
— Fernando Mora Gómez (@FerMoraGomez) July 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

