Спорт
Црните прогнози станаа реалност – Нејмар цел месец ќе паузира

ПСЖ во Лигата на шампионите на двомечот против Барселона ќе биде без најдобриот играч. Потврдена е долгата пауза за Нејмар по синоќашната повреда на Куп-мечот со Каен.
Бразилецот со сигурност ќе го пропушти првиот меч од осмина-финалето во ЛШ со Барса закажан за следниот вторник, а голема е веројатноста дека нема да може да им помогне на соиграчите и на ревашот закажан за 10 март.
Прогнозите се дека Нејмар ќе биде надвор од стројот најмалку 4 недели.
За потсетување, Барселона и ПСЖ во 2017 година исто така се состанаа во нокаут-фазата од ЛШ. По 4-0 предноста за „светците“ во Париз, Барса во реваншот на „Камп ноу“ славеше со 6-1.
Breaking: PSG confirms Neymar will miss the first leg of its Champions League matchup vs. Barcelona next week after suffering an adductor injury.
He is doubtful for the second leg on March 10 with the injury expected to keep him out for 4 weeks. pic.twitter.com/syA84fEylV
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг ги „спаси“ Арсенал, Наполи излета од Лига Европа

Арсенал на „домашен“ терен во Атина со гол во 89. минута стигна до возбудлива 3:2 победа над Бенфика за да се пласира во осминафиналето на Европа, откако на првиот меч беше 1:1. Наполи, пак, не успеа да ја елиминира предноста на Гранада и покрај 2:1 победата (на гости беше 0:2 за шпанскиот клуб).
Без проблеми во осминафиналето влегоа Ајакс, Шахтјор и Вилјареал, додека норвешкиот Молде сензационалн победи со 1:0 кај Хофенхајм и го елиминираше бундеслигашот.
Арсенал први дојдоа до посакуваната предност во 21. минута преку капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, но Диого Гонсалвес во финишот на првото полувреме израмни со спектакуларен гол од слободен удар. Обамејанг даде уште еден гол, кој беше поништен поради офсајд, пред Дани Себалјос во 61. минута да направи катастрофална грешка и да му ја подари топката на Рафа Силва кој го совлада Лено за 1:2. Киеран Тирни во 67. минута израмни на 2:2 и кога беше најпотребно во 89. минута, Обамејанг повторно „удри“ за 3:2 победа.
На „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, Наполи бркаше 0:2 негатива од Гранада и започна одлично, откако Пјотр Зиелински постигна гол по само три минути игра. Гранада, сепак, успеа да израмни на 1:1 по 25 минути преку Монторо, а Наполи се врати во водство преку Фабијан Руиз во 59. минута, но примениот гол значеше дека Наполи треба да даде уште два гола.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Ајакс – Лил 2:1, прв натпревар 2:1, вкупно 4:2
Арсенал – Бенфика 3:2, прв натпревар 1:1, вкупно 4:3
Хофенхајм – Молде 0:1, прв натпревар 3:3, вкупно 3:4
Наполи – Гранада 2:1, прв натпревар 0:2, вкупно 2:3
Ренџерс – Антверпен 5:2, прв натпревар 4:3, вкупно 7:5
Шахтјор Доњецк – Макаби Тел Авив 1:0, прв натпревар 2:0, вкупно 3:0
Вилјареал – Ред Бул Салцбург 2:1, прв натпревар 2:0, вкупно 4:1
АРСЕНАЛ – БЕНФИКА
НАПОЛИ – ГРАНАДА
РЕНЏЕРС – АНТВЕРПЕН
АЈАКС – ЛИЛ
Спорт
Бекенбауер куртули во истрагата за корупција, предметот е застарен

Етичкиот суд на ФИФА ја затвори истрагата за корупција против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер откако предметот застари, потврдија од светската куќа на фудбалот.
Бекенбауер како лидер на успешната кандидатура на Германија за СП во 2006 година уште во 2016 година беше обвинет дека му исплатиле 10 милиони швајцарски франци на Мохамед бин Хамам од Катар за гласови за изборот. Покрај Бекенбауер, ослободени од обвиненијата се и Тео Цванцигер и Хорст Шмит.
Швајцарските федерални обвинители исто така го истражуваа случајот, но судењето колабира минатиот април исто така поради застарување на делото. Бекенбауер не беше обвинет таму поради здравствени причини.
75-годишниот Бекенбауер стана првиот фудбалер што како капитен и селектор освои титула од Светското првенство предводејќи ја Западна Германија до титулата во 1974, пред во 1990 да ја освои титулата како селектор на обединета Германија.
Спорт
(Видео) Навивачите на ПАО со луд пречек на Хезоња во Атина

Поранешниот петти пик на НБА-драфтот, Хрватот Марио Хезоња, и официјално стана член на грчкиот Панатинаикос и, денеска, на неговиот 26. роденден, не можеше да посака подобар пречек во Атина, каде што околу 500 фанови го пречекаа новиот херој.
Крилото остана без НБА-тим и си замина по 330 НБА-меча во пет сезони, со просек од само 6,9 поени и 3,1 скокапо-натпревари.
„Долго време чекав да пристигнам. Конечно, тука сум и ми се оствари желбата. Панатинаикос е религија, клубот има најдобри фанови на светот и денеска го покажаа тоа уште еднаш. Едвај чекам да им вратам за ова“, изјави Хезоња.
This is how Panathinaikos fans greeted Mario Hezonja at the Athens International Airport.
(Via https://t.co/4QQhYtiafw / yt) pic.twitter.com/tEbAYsCSTf
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) February 25, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер