Спорт
Црвен картон: Хамес вербално го нападна судијата
Хамес Родригес го доби првиот црвен картон во Саудиска Арабија. Соиграчите го спречија Колумбиецот да предизвика поголем инцидент.
Во интервал од 60 секунди, Хамес, доби два жолти картони на натпреварот Ал Рајан-Ал Араби.
Тој беше изненаден кога доби жолт картон, а потоа се стреча кон судијата, на патот до него ги „фрлаше“ соиграчите, кои се обидуваа да го задржат.
Напуштаји го теренот му аплаудираше на судијата и го соблече дресот.
Siri, define “losing the rag”. pic.twitter.com/KEd1Iw2jrq
— Alan Feehely (@azulfeehely) October 31, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дерби на денот: Челзи против Барселона на „Стенфорд Бриџ“
На осум стадиони во Европа, вечерва ќе се одиграат првите натпревари од петтото коло, во Лигата на шампионите. Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Истанбул (Галатасарај-Унион Сен Жилоа) и Амстердам (Ајакс-Бенфика), а дербито ќе се одигра на „Стенфорд Бриџ“, во Лондон, меѓу Челзи и Барселона.
Челзи и Барселона имаат долга историја на меѓусебните дуели, но ова ќе биде прва нвна средба по сезоната 2017/2018. Тогаш во осминафиналето, Барселона по 1:1 во Лондон, победи дома со 3:0 и се пласира во наредната рунда.
Досега во историјата одиграле 14 натпревари, двата тима имаат по четири победи, шест пати играле нерешено.
На табелата, Челзи и Барселона се 11-ти и 12-ти со по седум поени.
Челзи се одлични пред домашната публика, загубија само два од последните 61 натпревари од групната/лигашката фаза на УЕФА. Во серија се од 16 натпревари без пораз, а започна по неуспехот против Валенсија во ЛШ во септември 2019 година (0:1).
Барселона не успеа да победи само во три од последните 20 натпревари од натпреварувањата на УЕФА против англиски тимови, а нивниот чудо од Ламин Јамал веќе постигна седум гола во Лигата на шампионите пред да наполни 19 години и му требаа уште три за да го израмни рекордот на Килијан Мбапе.
ЛШ, 5.коло:
Вторник:
Ајакс – Бенфика 18.45 часот
Галатасарај – Унион Сен Жилоа
Бодо/Глимт – Јувентус 21.00 часот
Борусија (Д) – Виљареал 21.00
Челзи – Барселона 21.00
Манчестер Сити – Баер Леверкузен 21.00
Наполи – Карабаг 21.00 часот
Марсеј – Њукасл 21.00 часот
Славија Прага – Атлетик Билбао 21.00
Среда:
Копенхаген – Каират 18.45 часот
Пафос – Монако 18.45
Арсенал – Баерн 21.00 часот
Атлетико Мадрид – Интер 21.00
Ајнтрахт – Аталанта 21.00
Ливерпул – ПСВ 21.00
Олимпијакос – Реал Мадрид 21.00
ПСЖ – Тотенхем 21.00
Спортинг – Бриж 21.00
Спорт
Гвардиола: Прашајте го менаџерот зошто Ечевери не игра
Клаудио Ечевери се смета за еден од најталентираните фудбалери во светот, но тој е уште еден од оние чија кариера jа уништува менаџерот, тврди тренееот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Прашајте го неговиот прекрасен менаџер зошто не игра во Леверкузен. Го ценам исклучително како играч, но што се случи во Леверкузен – не знам. Неговиот менаџер знае“, изјави Гвардиола.
Аргентинецот одигра осум натпревари и забележа една асистенција за Леверкузен во тековната сезона, а имаше разговори за неговиот статус во претходните недели. Се очекуваше дека ќе има поголема улога во Германија, но ништо од тоа.
Се чини дека не се задоволни ниту од овој развој на настаните во Англија. Прашање е какови се намерите на Гвардиола сега, откако упати критики кон менаџерот на фудбалерот и дали тренерот ќе побара младиот Аргентинец во јануари да се врати во Манчестер Сити.
Спорт
Историскиот подвиг на Јан Облак
Јан Облак, голман на Атлетико Мадрид, доби награда за извонреден подвиг.
На гала вечерта на весникот „Марка“, репрезентативецот на Словенија по шести пат ја доби наградата Замора, наменета за голманот, кој прима најмалку голови во просек во шпанското првенство.
Никој досега не успеал да го постигне ова престижно признание толку многу пати пред него. На церемонијата на доделување на наградите го придружуваше избраничката на неговото срце, српската тенисерка Олга Даниловиќ.
Jan Oblak je včeraj prejel šesto nagrado Zamora v svoji karieri in tako postal vratar z največ osvojenimi tovrstnimi priznanji v zgodovini #LaLiga 🏆
Iskrene čestitke, kapetan! ❤️🇸🇮 pic.twitter.com/EGnWPlivuj
— NZS | FA Slovenia (@nzs_si) November 25, 2025
На Гран Гала, како што се нарекува овој настан, присуствуваа големи имиња во шпанскиот спорт како што се Рафаел Надал, освојувач на 22 Гренд Слем титули, легендарниот возач на Мото ГП Марк Маркез, но и Икер Касиљас, Санти Казорла и многу други познати спортисти.

