Контакт

Спорт

Црвена звезда има долг од 32 милиона евра

Објавено пред

Српските медиуми објавија дека според јавните државни податоци, ФК Црвена звезда до 31 декември 2019 година должи вкупно 32.174.049 евра.

Според финансискиот извештај, Звезда во загуба е вкупно 45.718.238 евра, но има и приход од 13,5 милиони евра. Ова е намалување на долгот откако лани клубот беше во загуба 34.348.500 евра.

Најтрофејниот српски клуб последните две години играше во групната фаза на Лигата на шампионите, така што се очекуваше намалување на долгот. Со нов пласман во ЛШ, финансиското „здравје“ на клубот би било многу подобро.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Дејвис порасна со Меси како идол, сега вечерва ќе мора да го сопре!

Објавено пред

Талентираниот канадски бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис проговори за својот „омилен фудбалер“ Лионел Меси, кого го гледал додека растел, и како вечерва ќе мора да го чува Аргентинецот во четврт-финалето на ЛШ.

19-годишниот Дејвис, кој имаше фантастична сезона и 40 настапи за Баерн, во кои оваа сезона ниту еден противнички фудбалер не успеа да го издрибла, во интервју за УЕФА зборуваше за своето детство, во кое прв идол му беше токму Меси.

„Одев на фудбалска академија, така што секоја среда или четврток, околу 12 часот по канадско време, гледавме мечеви од Лигата на шампиони. Сите сонувавме да играме во Лигата на шампионите, а сега ќе играм против мојот омилен фудбалер на планетата, Лионел Меси. Искрено, немам зборови да го опишам чувството. Се слушнав со мајка ми вчера и татко ми се уфрли со зборовите: ’Ќе играш против Меси, гледам?’. И потоа почна да се смее на телефон, бидејќи знае колку го сакав“, вели Дејвис.

Притисокот на тинејџерот е зголемен откако генералниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге кратко изјави дека „Дејвис ќе се погрижи за Меси“, но како вистински професионалец, тој вели дека е подготвен.

„Ќе ја играм мојата игра, нема да сменам ништо и се надевам дека ќе го дадам максимумот. Сите знаеме дека е голем фудбалер и тоа нема да го одземеме од него. Возбуден сум што ќе играм и подготвен сум“, вели Дејвис.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фудбал за мерак – гигантите Барселона и Баерн вечерва по место во полуфиналето

Објавено пред

Единствените два клуба што во својата историја имаат освоено титула од Лигата на шампионатите, а се преостанати во ждрепката оваа сезона, се Баерн Минхен и Барселона и вечерва се среќаваат во супер пресметка на „Естадио да Луж“ во Лисабон во најинтересното четврт-финале во европската елита.

Барселона имаа одличен старт во ЛШ оваа сезона освојувајќи ја групата со Борусија Дортмунд и Интер без загубен натпревар, но перформансите на тимот паднаа по отпуштањето на Ернесто Валверде во јануари, а новиот тренер Кике Сетиен успеа да ја загуби титулата од Ла Лига по рестартот иако имаа предност од два поена пред Реал Мадрид.

Уште позагрижувачки за тренерот на Барселона, првата ѕвезда Лионел Меси неколкупати отворено го критикува Сетиен и стратегијата на клубот посочувајќи дека така не може да се стигне до толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите. Сепак, токму Меси беше клучниот човек при победата над Наполи и со 31 гол и 26 асистенции оваа година, иако има 33 години, повторно ќе биде човекот од кого се очекува (пре)многу. Пораз од Баерн сигурно ќе предизвика уште еден несакан потрес во Каталонија и речиси сигурно ќе значи крај за Сетиен.

Баерн Минхен исто така го смени тренерот оваа сезона кога Нико Ковач беше заменет од неговиот поранешен помошник Ханси Флик, кој иако немаше искуство со водење големи тимови, успеа да ги врати Баварците во трката за титулата и на крајот да се стигне до германската двојна титула.

Под Флик, Баерн Минхен победи во 29 од 32 меча за да има најдобар просек по поени од натпревар (2.76) во историјата на клубот.

Прва ѕвезда несомнено е полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој на 31 година ја игра својата најдобра сезона. Тој постигна 13 гола во само седум меча за да стигне до само четири гола од рекордот на Кристијано Роналдо во 2013/14. Со три гола и четири асистенции против Челси, Полјакот е неверојатна опасност за противничките голмани.

Обложувачниците го сметаат Баерн за огромен фаворит во пресметката, а победникот од нивниот дуел сигурно ќе биде фаворит за европската титула. Барса и Баерн се сретнаа во четврт-финалињата во 2008/2009 и полуфиналињата во 2012/2013 и 2014/2015, а победникот во сите случаи подоцна го крена трофејот.

Топ-ретро – величествени дуели Барселона – Баерн Минхен

Прикажи повеќе...

Спорт

Велосипедистите со огромни модринки по градот на Дофин

Објавено пред

Белгискиот велосипедист Тим Деклерк ги покажа последиците од градот кој ги фати натпреварувачите на втората етапа на Критериум ду Дофин трката во Франција, објавувајќи фотографија од својот  грб на кој имаше неверојатен број на модринки.

Велосипедистите го искачуваа Кол ду Порт, а иако врнеше во текот на целата етапа, најмногу страдаа тие кои завршија далеку од главната група, како Деклерк и Максим Шевалие, кои добија страшни модринки на грбот.

Словенецот Примож Роглич триумфираше на втората етапа и е лидер во генерален пласман пред Французинот Тибо Пино.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија34 минути

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ1 час

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија3 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет3 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа16 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија22 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Досие