Спорт
„Црвено-црна“ голеада со победнички шарм во „Јане Сандански“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот ракометен првак Вардар со убедлива победа (39:30) го потврди пласманот во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а прва наредна пречка ќе биде Веспрем. Мечот без големо резултатско значење се претвори во голеада, а „царуваа“ Тимур Дибиров и браќата Њокас.
Вардарци влегоа во потребниот ритам, а фановите се израдуваа на убедливиот триумф.
Фото: Игор Паневски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан ќе го „врзе“ Томори до 2027 година

Раководството на Милан ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Фикаjо Томори, откриваат италијанските медиуми. Поранешниот дефанзивец на Челси имаше импресивна сезона за „росонерите“, кои ја освоија титулата за првпат по 11 години.
Од централата на Милан се фасцинирани од настапот на дефанзивецот и подготвуваат нов договор за фудбалерот до 2027 година.
Томори дојде на позајмица во Милан во 2021 година, но шест месеци подоцна договорот стана постојан. Актуелниот договор на дефанзивецот има важност до летото 2025 година, но Паоло Малдини сака да го „врзе“ до 2027 година.
Спорт
Симона Халеп загуби еден сет, Медведев убедлив на стартот на Ролан Гарос

Романската тенисерка Симона Халеп триумфално стартуваше на првиот меч на Ролан Гарос. Поранешната најдобра тенисерка во светот беше подобра од Настасја Шунк од Германија со 2:1 во сетови (6:4, 1:6, 6:1).
Халеп добро отвори, но имаше пад во вториот сет кој го загуби убедливо. Сепак, се врати во третиот во добар ритам и славеше победа.
Пласман во второто коло во Париз обезбедија и Плишкова, Бадоса, Круниќ, Колинс, Корнет и Пегула.
Кај мажите, вториот светски рекет Данил Медведев без проблеми се пласираше во второто коло откако со 3:0 во сетови (6:2, 6:2, 6:2) го победи Аргентинецот Факундо Бањис. Следен противник на Медведев ќе биде српскиот тенисер Ласло Ѓере.
Спорт
ПСЖ сака да го купи Френки де Јонг

Францускиот гигант Пари Сен Жермен размислува да се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Холандскиот интернационалец е на продажба на „Камп Ноу“ пред се поради финансиската состојба во клубот и желбата на Барселона да се засили со некои други играчи.
Де Јонг во последните седмици се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, каде нов кормилар е поранешниот тренер на играчот, Ерик тен Хаг од Ајакс. Сепак, парижаните размислуваат и за посериозни промени во својот состав ова лето и Де Јонг се смета за одлична можност за засилување на средниот ред.
Голем плус за ПСЖ е и учеството во Лигата на шампионите, бидејќи „црвените ѓаволи“ следната година ќе мораат да се задоволат само со Лигата на Европа.