Спорт
Да се биде или не за Јувентус – Старата дама гостува во Лисабон
Натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х ќе го отворат претпоследното коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите. Дербито ќе се одигра во Лисабон, каде на Бенфика ќе и готува Јувентус. Со внимание ќе се слеи и ситуацијата во Е групата, каде сите четири тима имаат реални шанси за пласман во осмина-финалето.
Јувентус има тешка задача во Х групата, да избегне елиминација. Бенфика победи во првиот натпревар во Торино, а во првите четири рунди освои осум бода и го дели првото место со ПСЖ.
За Јувентус на овој меч единствена опција е победата. Дури и победа не и гарантира пласман на „старата дама“ во нокаут-фазата. Лоша вест за Јувентус и и тоа што Бенфика последниот пораз го има забележано на 7.мај.
ПСЖ е голем фаворит против Макаби Хаифа.
Табела, Група Х:
ПСЖ 8, Бенфика 8, Јувентус 3, Макаби 3.
Ситуацијата во групата Е е многу интересна бидејќи теоретски сите четири екипи имаат шанси за пласман во осмина-финалето. Поради тоа со големо внимание ќе се следат дуелите во Салцбург и Загреб. Австрискиот првак ќе го пречека Челси, додека на Динамо, во чии состав се најавени Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе го пречека шампионот на Италија, Милан.
Табела, Група Е:
Челси 7, Салцбург 6, Милан 4, Динамо 4.
Реал од Ф-групата си обезбеди место во следната рунда. Против Лајциг, бранителот на трофејот треба да го потврди првото место во групата. Реал на гостувањето во Германија ќе биде без тројца важни играчи: Бензема, Модриќ и Валверде.
Лајпциг со Шахтјор се бори за место во осмина-финалето. Украинскиот шампион гостува кај Селтик.
Табела, Група Ф:
Реал 10, Лајпциг 6, Шахтјор 5, Селтик 1.
Што се однесува до Групата Г, таму работите се прилично јасни кога станува збор за патниците во осмина-финалето. За очекување е Манчестер сити да го обезбеди првото место во групата. „Граѓаните“ гостуваат во Дортмунд, а интересно ќе биде да се види како домашните навивачи ќе го пречекаат Ерлинг Халанд, кој продолжува да ги тероризира голманите ширум Европа.
Севилја, во вториот меч во групата, ќе го пречека Копенхаген. Ова ќе биде дуел за третата позиција и место во Лигата Европа.
Табела, Група Г:
Манчестер сити 10, Дортмунд 7, Копенхаген 2, Севилја 2.
Програмата во Лигата на шампионите ќе ја отворат од 18:45 часот натпреварите Салцбург-Челси и Севилја-Копенхаген. Останатите шест натпревари ќе започнат во 21 час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати
Фудбалскиот сојуз на Шпанија не го прифати барањето на реал Мадрид, 36.шампионска титула да им биде врачена по натпреварот со Алавес на 14.мај.
Реал, во саботата, математички ја обезбеди шампионската титула во Шпанија. Планот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија беше трофејот на „кралскиот клуб“ да му биде врачен во сабота во Гранада.
Овој предлог Реал го одби од почит кон противникот. Одбија да слават на теренот на тимот кој испаѓа од Примера.
Поради тоа Флорентино Перез побара титулата на играчите да им биде врачена на 14.мај кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Алавес. Овој предлог Фудбалскиот сојуз на Шпанија го одби и најави дека трофејот ќе биде врачен во 12 мај наутро во тренинг центарот на Реал во Валдебебас, зад затворени врати.
Федерацијата го извести Реал Мадрид да ги извести играчите дека треба да бидат во Валдебебас во недела наутро, бидејќи планот е церемонијата да се во 9:30 часот, а на доделувањето на трофејот нема да присуствуваат навивачите.
Трофејот ќе го врачи претседателот на шпанската фудбалска федерација Педро Роча.
Спорт
(Видео) Ова е совршено изведен пенал
Многумина тврдат дека ова е најдобро изведениот пенал во историјата на фудбалот.
Често велат дека пеналите се лотарија и не постои перфектно изведен пенал. Сепак, за шутирање од белата точка е потребен и тренинг, а не само талент. И ако ги комбинирате двете, тој пенал навистина може да биде совршен.
Во шпанската Сегунда на четири кола пред крајот се води голема борба за пласман во Ла Лига. Во моментов водат Леганес и Ваљадолид со по 67 бодови, а зад нив е Еибар со 64 бодови.
Токму Еибар, викендов славеше со убедливи 5:0 против Аморебиета, а мечот го одбележа пеналот на Агер Акече.
Otro ángulo del gol de Aketxe. #SDEibar pic.twitter.com/n40j2V88t5
— El Milagro de Valencia (@EibarXtra) May 6, 2024
Спорт
Просинечки ги издвои најдобрите од поранешна Југославија, не го спомна Модриќ
Роберт Просинечки (55) пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. Откако ги победи Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња?
„Тешко ми е да го кажам. Знаете, ако кажам Дејо Савиќевиќ, тогаш ќе кажат дека тој е мојот претседател. Имаше многу добри играчи на овие простори, секој од нив обележа еден период. Ги имаше многу, за никој да не се налути или да помисли нешто. Имаше неверојатен број на одлични играчи од генерацијата на Хрватска, а да не зборуваме за играчите кои направија неверојатни кариери, играа во најголемите клубови толку години, па тешко ми е да кажам кој е најдобриот, но еден од нив е Шукер, па Шукер, Бобан потоа Папе Сушиќ. Ова го кажав на брзина. Тоа беа играчите кои го обележаа фудбалот не само во Хрватска туку и во поранешна Југославија.”
Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на Златна топка од просторот на поранешниот југ и најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал.