Спорт
Дабл-даблот на Јокиќ вреди повеќе од трипл-даблот на Дончиќ – Денвер победи во Далас

Дуелот на тимовите кои ги предводат младите ѕвезди од Балканот, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, предизвика најголемо внимание изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер го победи Далас со 117:113. За Нагетс ова беше четвртата победа во низа, додека Маверокс го забележаа третиот пораз на последните пет натпревари.
Јокиќ за Денвер одигра 33 минути, постигна 20 поени, на кои придодаде 10 скока и четири асистенции. До победата Денвер го предводеше Мајкл Портер јуиор, кој се врати во тимот по повредата, со 30 поени и осум скока. Вториот најдобар играч на Денвер Џамал Мареј, поради неспортски потег беше исклучен.
Лука Дончиќ, во редовите на Далас, натпреварот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Словенецот немаше помош од соиграчите, најблиску до него беше Тим Хардавеј јуниор, стрелец на 19 поени.
Денвер со скор од 10 победи и 7 порази се седми на Западот, додека Далас се 10. со скор 8 победи и 9 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер јунајтед си ги бара парите – Интер за Лукаку платил само 24 милиони евра

Интер се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Дека тоа е така покажува и информацијата која ја објави „Ил Кориере“, дека клубот од Милано, за трансферот на Ромелу Лукаку досега на Манчестер јунајтед им платил само 24 милиони евра.
Ромелу Лукаку, во летниот преоден рок во 2019 година, од Манчестер јунајтед се пресели во Интер. Клубовите се договорија Интер да плати 74 милиони евра за белгискиот напаѓач.
Две години подоцна, во Јунајтед откриле дека Интер досега им платиле само 24 милиони евра.
На „Олд Трафорд“, имаат план како да го наплатат долгот. Ед Вудворд, спортскиот директор, побарал Интер да им го испрати Милан Шкринијар или пак Лаутаро Мартинез за да го покрие долгот.
Интер наскоро ќе се огласи во јавноста по ова барање од Манчестер.
Инаку, Ромелу Лукаку, игра во неверојатна форма во Интер. За 18 месеци одиграл 82 натпревари, постигнал 58 голови и забележал 12 асистенции.
Спорт
Лаказет го напушта Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал, по завршувањето на сезоната, ќе ги разгледа понудите за францускиот напаѓач, Александар Лаказет. Доколку на „Емирејтс“ добијат добра понуда, тогаш Лаказет ќе може да го напушти клубот.
Александар Лаказет има договор со Арсенал до јуни 2022 година. Овој напаѓач според „Трансфермаркт“ на фудбалскиот пазар има вредност од 35 милиони евра.
„Фудбал Лондон“, тврди дека сериозен интерес за Лаказет покажува Монако.
Лаказет, сезонава има одиграно 30 натпревари, постигнал 11 голови и забележал три асистенции.
Спорт
Вајналдум се договорил со Интер?

Холанѓанецот Џорџињо Вајналдум, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Ливерпул. Долго време се шпекулираше дека Вајналдум, ќе се пресели кај поранешниот селектор на Холандија, Роналд Куман во Барселона, меѓутоа познатиот италијански новинар, Сандо Сабатини, тврди дека Холанѓанецот од наредната сезона ќе игра во Серија А.
„Знам дека тој им ветил на Интер дека како слободен играч ќе дојде во Италија, рекол Сабатини.
Вајналдум е поранешен фудбалер на Феенорд, ПСВ и Њукасл откаде се пресели во Ливерпул во 2016 година. За „црвените“ одиграл 222 натпревари, постигнал 22 гола. Со Ливерпул, Вајналдум, стана шампион на Англија и Европа.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер