Спорт
Дагестански ММА фајтер застрелан со пушки по расправија за земја (вознемирувачко)

Поранешниот ММА фајтер, Шамил Абдулмуслимов бил застрелан од двајца напаѓачи со автоматски пушки во градчето Хасавјурт во Дагестан по наводна расправија за земја.
25-годишниот Абдулмуслимов, кој имаше 11-4 скор во различни помали промотерски куќи, бил застрелан во четвртокот по расправија со татко и син околу земја. Според локалните медиуми, расправијата почнала во еден ресторан, по што Мургамудин Мурасидов и неговиот син заминале и се вратиле со автоматски пушки и го застрелале ММА фајтерот.
Дагестан е славен по своите боксери, борачи и ММА фајтери – шампионот во средно-тешка категорија во бокс Артур Бербиев е роден во Хавасјурт, кој е на 100 километри од Махачкала, родниот град на ММА сензацијата Хабиб Нурмагомедов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Билинг во 87.минута спречи триумф на Интер во Неапол

Наполи и Интер ремизираа 1-1 во Неапол во 27. коло од Серија А. Интер ја задржа предноста од еден бод на челот на табелата во однос на Наполи.
Домашниот тим многу поофанзивно влезе во натпреварот. Сепак, не создаде сериозна шанса за гол, додека Интер ја искористи првата.
Во 22. минута на гостите им беше досуден слободен удар на околу 20 метри од голот на Наполи. Федерико Димарко ја презеде одговорноста и го погоди десниот агол од голот на Мерето за 1:0.
🚨🇮🇹 GOAL | Napoli 0-1 Inter | Dimarco
WHAT A FREE KICK FROM DIMARCO !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/iwUksbNkxN
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 1, 2025
До крајот на првиот дел Интер имаше уште една шанса, овојпат Димарко не успеа да погоди..
Вториот дел во целост им припадна на фудбалерите на Наполи, најмногу и поради определбата на Симоне Инзаги да ја брани минималната предност.
Константниот притисок му донсе на Наполи само една шанса, кога Гонзалес го одбрани ударот на Мектоминеј. Сепак во 87.минута одличната акција на Лоботка со гол ја заврши Билинг, кој неколку минути претходно влезе на треренот.
До крајот Наполи имаше уште една шанса, во 95.минута, Гонзалес со помош на Дамфрис го одбрани ударот на Нгонге.
Спорт
Вардар не успеа да ја победи Беса

Фото/ facebook.com/@FKVardarSkopje
Вардар, по големата победа во Струга минатиот викнед, во 21.коло не успеа да ја победи Беса на домашен терен. Дуелот на националната арена „Тодор Проески“ заврши 0:0.
Вардар апсолутната доминација на теренот не успеа да ја материјализира барем со еден гол.
Вардар по некомплетното 21.коло се наоѓа на деветтото место со 17 бодови, додека Беса е претпоследна со два бода помалку.
Спорт
(Видео) Старт за „в затвор“ го реши дербито на јужен Лондон во ФА купот

Фудбалерите на Кристал Палас и Престон се пласираа во четвртфиналето на ФА купот. Кристапл Палас го победи Милвол со 3:1, а Престон со 3:0 го победи Барнли.
Дербито на јуѓен Лондон, дуелот меѓу Кристал Палас и Милвол го реши ужесниот момент во осмата минута. Голманот на Милвол Робертс доби директен црвен картон, поради ужесен старт врз напаѓачот на Палас, Матета.
Матета доби силен удар во главата, кој по укажаната прва помош е изнесен на носилки и веднаш префрлен во болница.
Mateta just got stretchered off after this from the keeper. 😱
pic.twitter.com/F2HSPp2Hwc— ace (@utd3ra) March 1, 2025
Домашните поведоа во 33. минута по автоголот на Танганга, а Муњоз во 40. минута ја зголеми предноста. Играчите на Милвол постигнаа гол за 2:1 во финишот на првиот дел, но не може да направат нешто повеќе со играч помалку. Нкетиа го реши прашањето за победникот со гол во 82. минута.
Престон на домашен терен го совлада Барнли со 3:0. Стрелци беа Брејди во 31. минута, Осмајиќ во 44. минута и Кин во 73. минута од натпреварот.