Спорт
Дал Пино: Милан и Интер се Ф1, Њукасл е мини автомобил!
Претседателот на Лега Серија А, Паоло дал Пино, се најде навреден од изјавата на новата директорка на Њукасл, Аманда Стевели, која претходно изјави дека Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) бил заинтересиран да ги купи Интер и Милан, но дека поради хаосот во италијанскиот фудбал, се откажале од таква ситуација.
„Ако Аманда Стевели повеќе сака да инвестира во Њукасл отколку во Интер и Милан, очигледно сака мини автомобили наместо Формула 1. Ние имаме осум странски инвеститори, седум американски и еден кинески, кои веруваат во Серија А и во растот на лигата“, изјави Дал Пино за „Калчомеркато“.
Интер е во сопственост на кинеската Групација Сунинг, а Милан, Фиорентина, Рома, Џенова, Болоња, Специја и Венеција се во американска сопственост.
#DalPino: ‘Se la #Staveley ha preferito il #Newcastle a #Milan e #Inter ama le utilitarie e non la #Formula1‘ https://t.co/7GmVGAY23l pic.twitter.com/bMpAtLYgJG
— calciomercato.com (@cmdotcom) November 15, 2021
Стевели: ПИФ го сакаше Интер, но италијанската лига е катастрофа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

