Спорт
Далас може без Дончиќ, Батлер ја растури Филадлефија (видео)

Кошаркарите на Далас ја забележаа втората победа во третиот меч што го играа без повредениот Лука Дончиќ. Во отсуство на Словенецот лидерската улога ја презеде Латвиецот Кристапс Прозингинс.
Далас славеше на тешкото гостување кај Индијана 112:103. Прозингинс го предводеше Маверикс со 38 поени и 12 скока. На спротивната страна блескаше Литванецот Домантас Сабонис со 26 поени, 12 скока и девет асистенции.
Мајами во дербито на Истокот ја декласира Филаделфија со 137:106. Блескаше Џими Батлер, кој за три четвртини забележа 38 поени и седум скока.
Сакраменто имаше предност од 20 поени во третиот период против Минесота, а на крајот забележа тесна победа 113;109.
Диерон Фокс постигна 31 поен, а Богдан Богдановиќ 23 во победата на Кингс. Кај Минесота се истакна Карл-Ентони Таунс со 22 поена.
Резултати:
Шарлот-Орландо 100:112
Вашингтон-Голден стејт 117:125
Атланта-Бостон 115:13
Бруклин-Финикс 119:97
Мајами-Филаделфија 137:106
Мемфис-Детроит 96:82
ЛА Клиперс-Сан Антонио 108:105
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија?

Фудбалската репрезернтација на Србија доживеа тежок пораз со 0-1 од Албанија во Лесковац по кој ги загуби реалните шанси за пласман на СП 2026. По мечот, почнаа шпекулации за смена на селекторот.
Според ТВ „Арена спорт“, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ. Тој треба да го наследи Драган Стојковиќ – Пикси, кој по натпреварот изгледаше како човек што знае дека заминува. Тој веќе понудил оставка до челниците на српскиот фудбал.
Пауновиќ неодамна доби отказ од шоанскиот прволигаш Овиедо, а запаметен е по успехот со младинската репрезентација во 2015 година, кога Србија стана светски шампион.
По тој успех, тренираше во Мексико, Англија и САД. Последно беше на клупата на Овиедо, каде го врати клубот во Ла Лига по 24 години. Сега повторно е слободен и блиску до клупата на Србија.
Спорт
Стојковиќ: Одговорноста за поразот од Албанија е само моја

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.
Спорт
ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година.
🚨 Rey Manaj 45′ +1
World Cup Qualification | 🏆 Serbia 0-1 Albaniapic.twitter.com/VHmftaAMia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 11, 2025
Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90-тата минута го освои триумфот.
Турција ја декласираше Бугарија на гости со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3. Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.