Спорт
Дали Шпанија е фаворит?

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Шпанија е фаворит за освојување на Европското првенство во Германија.
Британските медиуми пренесуваат дека германскиот стручњак ги коментирал и ги прогнозирал фаворитите на ЕП 2024.
Во овој момент ми се чини дека Шпанија може да оди до „крај“, изјавил Клоп.
Но, и Германија е добра. Франција исто така, а Англија дефинитивно ќе биде „подобра“ сепак ова е репрезентација со огромна фудбалска историја додава германскиот стручњак.
Шпанија в петок од 18 часот ќе игра во четвртфиналето на ЕП против Германија, а три часа подоцна ќе се сретнат Португалија и Франција.
Во сабота се играат преостанатите два дуела од четврт-финалето на Европското првенство а се среќаваат Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена.
Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на нерешен резултат, многу е веројатно дека ќе се квалификуваат преку рангирањето на најдобрите второпласирани.
Малата, но амбициозна држава е лоцирана на Атлантикот и е поранешна португалска колонија со независност стекната во 1975. Многу играчи од репрезентацијата играат во Португалија и Европа, но никогаш претходно не учествувале на Светско првенство.
Интересно е дека билетите се продаваат на пет физички локации – на стадионот, неколку пекарници и бензински пумпи, без онлајн продажба.
Спорт
Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан и тоа по цена од 300, 400 и 500 денари, во зависност од седиштето кое ќе го одберете.
Спорт
Македонија до 19 години убедливо ја победи Црна Гора на гости

Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.
Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф.
Серијата голови за нашата селекција ја отвори фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, во првото полувреме. Откако домаќините успеаја да израмнат, Македонија повторно поведе со гол од пенал на членот на Црвена ѕвезда, Горазд Ристовски.
Црна Гора повторно израмни на 2:2, но по голема грешка на домашниот голман, Адмир Љафити донесе ново водство за Македонија. Истот играч со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат, 2:4 во корист на нашата селекција.
Првиот пријателски натпревар меѓу овие две репрезентации заврши без голови, 0:0.