Спорт
Данило ја поништи „бомбата“ на Малиновски – Аталанта и Јувентус одиграа 1:1

Аталанта и Јувентус освоија по еден бод, откако во меѓусебниот дуел во Бергамо заврши без победник 1:1.
Интересен натпревар, во кој двата тима имаа шанси за победа, одиграа Аталанта и Јувентус. Спртиело два пати, еднаш во првиот, еднаш во вториот дел го спречи Влаховиќ да постигне гол.
Мјуриел се изрезили во првиот дел кога очајно шутираше на празен гол, по грешката на Шчешни.
Де Рон ја имаше првата шанса во вториот дел за Аталанта, во таа ситуација се истакна голманот на Јувентус.
Сепак 20 минути подоцна не можеше да направи ништо по бомбата која од 25 метри ја испрати Малиновски кон неговиот гол.
Јувентус од пораз го спаси Данило кој ја натскока одбраната на Аталанта во 92.минута.
По овој дуел двата тима ги задржаа истите позиции на табелата, Јуве со натпревар повеќе на четвртото место има два бода повеќе од Аталанта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ако некој сака да го донесе Хулијан мора да плати 200 милиони евра

Хулијан Алварез, бавно влезе во новата сезона, но експлодираше во последните две рунди. Во средата постигна хет-трик против Рајо Ваљекано, а во саботата со два гола помогна в демолирањето на Реал.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не штедеше на комплименти опишувајќи како игра полуларниот Арања (Пајак). Логично е дека постои голем интерес за Алварез, кој минатото лето во трансфер што може да достигне вредност од 95 милиони евра пристигна од Манчестер сити во Атлетико.
Од Атлетико на конкурентите им порачаа дека Аргентинецот е недопирлив.
🚨 Barcelona sources think Atlético Madrid would demand around €200M for Julián Alvarez.
(Source: @sport) pic.twitter.com/q66CTcjhj3
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 29, 2025
Барселона би сакала да купи сè, но ако е можно без пари. Каталонците имаат проблем со финансиите, но сакаат да го доведат Ерлинг Холанд во своите редови. Но тое се рапрашуваат и за Хулијан Алварез. Поранешниот напаѓач на Манчестер сити би можел да замине од Атлетико но за не помалку од 200 милиони евра.
Алварез постигна шест гола на седум натпревари во Ла Лига од почетокот на сезоната.
Спорт
Село со 1.485 жители ќе има клуб во Лигата на шампионите

Шведскиот клуб Мјалби обезбеди учество во европските натпреварувања во сезоната 2026/27. Прв пат во историјата клубот ќе игра во натпреварувањата во организацијата на УЕФА.
Ова е огромен успех за клубот што доаѓа од Халевик, село на југот на Шведска каде што, според последниот попис, живеат 1.485 луѓе.
Како што сега стојат работите, Мјалби ќе игра во Лигата на шампионите. Мјалби е на чекор до освојување на титулата во шведското првенство. На пет кола до крајот, тие имаат предност од 11 бода во однос на второпласираниот Хамарби, а вистинско чудо би требало да се случи Мјалби да не ја освои титула шведски шампион, по прв пат во историјата.
Во блиското минато, од 2015 до 2018 година, беше во третата лига. Потоа, во две последователни сезони, скокна за два ранга и сега игра во највисокиот ранг на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, се пласираше од петтото до десеттото место.
Според „Трансфермаркт“, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра.
Спорт
Клоп добил понуда за работа од Саудиска Арабија

Јирген Клоп одлучи да направи пауза од тренерската работа и стана директор за спортски операции во Ред Бул. И покрај тоа што реши да не биде тренер, Германецот редовно добива понуди за работа.
Според медиумите од Саудиска Арабија, Ал Итихад го насочил вниманието кон германскиот стручњак, откако се раздели со Лоран Блан.
Французинот ја освои двојната круна минатата сезона, но по слабиот почеток во новата сезона доби отказ.
Се додава дека приоритетна цел е Клоп, иако прашањето е дали ќе можат да го убедат.
Како кандидати се споменуваат и Чави, Емери, Спалети и Консеисао.