Контакт

Спорт

Данска чува „круна“, напаѓаат „трите круни“ – Шведска сака прекин на постот

Објавено пред

Последен ден на Светското ракометно првенство за мажи во Египет. На програмата 2 дуели, оној за бронза меѓу Франција и Шпанија и големото финале Данска – Шведска.

Данска до можност за одбрана на титулата стигна по пенал-драмата со домаќинот Египет во четвртфиналето и по ефикасниот меч и доминација против Шпанија во полуфиналето.

Швеѓаните, пак, во четвртфиналето лесно излегоа на крај со Катар, а во борбата до финалето ја изненадија фаворизираната Франција благодарение на одличната одбрана и ефикасниот напад.

Пред 2 години Данска се искачи на ракометниот трон, сега ја браната „круната“, а Шведска сака да го прекине долгиот пост без светска титула. Последен пат „трите круни“ беа светски шампиони во 1999 година.

Данците и денеска се фаворити, но Швеѓаните кои дојдоа речиси со втор состав ги изненадија сите со влезот во големото финале, па вечерва, со почеток од 17.30 часот се е можно на мечот што ќе се игра во Каиро.

Мечот за бронза меѓу Франција и Шпанија е со почеток од 14.30 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Белингем под истрага на обвинителството во Дортмунд

Објавено пред

Џад Белингем се наоѓа под полициска истрага, поради изјавата дадена по дербито Борусија Дортмунд-Баерн Минхен (2:3). Коментарот на Белнгем бил насочен кон судијата Феликс Цвајер.

Големото дерби го реши Роберт Левандовски од пенал во 79.минута. Цвајер досуди пенал за Баерн, откако Матс Хумелс играше со рака пред својот гол.

„Имавме судија кој е обвинет за местење на натпревар. На тој судија му дадовте да го суди најголемиот натпревар во Германија. Што можевте да очекувате? Мислам дека немаше пенал, Хумелс воопшто не ја виде топката, која потоа го погоди во раката“, рекол Белингем.

Цвајер, во 2005 година, беше суспендиран на шест месеци, откако судот пресуди дека учествувал во местење на еден натпревар.

Поради оваа изјава на Белингем, случајот е проследен до обвинителството во Дортмунд. Обвинителот треба да процени дали има елементи за покренување постапка против фудбалерот на Бирусија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Атанасов го спречи Ристовски да дели шлаканици

Објавено пред

Стефан Ристовски тешко го поднесе поразот во дербито со Хајдук. Екипата од Сплит забележа победа на „Максимир“ во Загреб (2:0). По завршувањето на натпреварот, се случи инцидент, кој не беше нотиран во завршниот извештај, а во кој учествуваше Стефан Ристовски.

Хрватските медиуми известија дека Ристовски се обидел да се пресмета со еден од резервните фудбалери на Хајдук, кој влегол на теренот по завршувањето на натпреварот. Ристовски се обидел да му удри шлаканица, а во тоа го спречил соиграчот од репрезентацијата, Јани Атанасов.

На крајот ситуацијата ја смирил уште еден македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

По дербито Хајдук го скокна Динамо на табелата. Екипата од Сплит има 33 бода на третото место. Динамо со натпревар помалку на четвртата позиција има 31 бод. Во Хрватска води Ријека со 36 бода, Осијек има бод помалку.

Прикажи повеќе...

Спорт

Евертон му врачи отказ на спортскиот директор

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Евертон му врачи отказ на спортскиот директор Марсел Брандс. Во исто време од клубот соопштија дека менаџерот Рафа Бенитез ја има поддршката да продолжи со својата работа.

Евертон е без победа на последните осум натпревари во Премиер лигата. Во средата загуби од Ливерпул (1:4). Навивачите тогаш го пцуеја Брандс додека го напушташе стадионот.

Холанѓанецот Брандс стапи на функцијата во 2018 година. Во својот мандат потроши над 300 милиони евра, но не успеа да го издигне Евертон од просечноста. Единствен плус во неговиот мандат е Доминик Калверт-Лувин, но ниту со неговите голови Евертон не успева да бележи добри резултати.

Евертон се наоѓа на 16. место во Премиер лигата, со 15 бода, 12 од нив „карамелите“ освоија во првите пет кола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна...

Македонија2 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион2 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија2 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа2 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа4 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа5 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет16 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет17 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет18 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа20 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија22 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија23 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија23 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ1 ден

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет1 ден

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Досие