Контакт

Спорт

Данска го декласира Бразил

Објавено пред

Данска очекувано избори пласман во полуфиналето на 29.Светско првенство во ракомет. Актуелните шампиони, во третото четвртфинале декласираа Бразил со 33:21 (15:12).

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Натпреварот во Осло од самиот почеток беше „еднонасочна улица“. Данска во 15.минута имаше предност од шест гола (9:3). По тајм аутот на бразилскиот селектор, неговите играчи заиграа подобро, до полувремето ја преполовија негативата.

Во вториот дел Данците ја вратија предноста од пет гола, а Бразил влезе во машината на Данска. Период од 11 минути во кој Бразилците не постигнаа гол, иницираше серија на Данска 8:0. Блескаше во тој период и голанот на Данците, Емил Нилсен кој мечот го заврши со 15 интервенции.

Напдот на Данска го предводеа Гидсел, Лауге и Јакобсен со по шест гола. Најефикасен Бразилец беше Карваљо со седум гола, голманите на Бразил збирно имаа 12 одбрани (Да Роса пет, Мартинс седум).

Данска во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Португалија и Германија.

Спорт

Меси одби да игра во Лигата на шампионите поради -15

Објавено пред

Интер Мајами би можел да биде без Лионел Меси во првиот натпревар од осминафиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Интер Мајами во првиот натпревар ќе играат на гости кај Канзас Сити.

Како што пренесуваат американските медиуми, големи се шансите Меси да не игра на тој меч, а причината е што температурата во тој град ќе биде -15 Целзиусови степени, а наводно се чувствува како да е -25.

Затоа Меси не сака да биде на теренот, но има минимални шанси да се предомисли.

Исто така, како што објави новинарот кој го води подкастот на Интер Мајами, според негови извори, клубот бара одложување на натпреварот.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Нејмар стрелец по пауза од 502 дена

Објавено пред

Нејмар пред еден месец се врати во Сантос, а во четвртиот меч за клубот во кој ја започна кариерата го постигна првиот гол. Нејмар постигна гол од пенал. Бразилецот погоди по пауза од 502 дена.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Поранешниот играч на Барселона, ПСЖ и Ал Хилал , со гол и асистенција го предводеше Сантос до победата над Агуа Санта (3:1).

Прикажи повеќе...

Спорт

Аморим му порачал на Кристијан Ериксен да си бара нов клуб

Објавено пред

Рубен Аморим ќе мора комплетно да го реорганизира тимот во летниот преоден рок. Во планотвите на португалските тренер нема место за Кристијан Ериксен.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Данскиот играч за врска веќе некое време не добива вистинска шанса на натпреварите на Јунајтед, а сега е јасно зошто.

Аморим им порачал на клупските челници дека повеќе не смета на Ериксен и дека Данецот може слободно да бара нов клуб. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и нема да биде продолжен.

Ериксен дојде на „Олд Трафорд“ во 2022 година по одличната сезона во Брентфорд. Данецот претходно беше одличен во Тотенхем, имаше одлична кариера, но по несреќниот случај на Европското првенство во 2021 година кога Ериксен мораше да биде реанимиран, мораше да паузира неколку месеци.

Ериксен поради правилата во Серија А, мораше да го раскине договорот со Интер, ја прифати понудата од Брентфорд каде ја потврди класата.

Ериксен отсега ќе може да бара нов клуб, а од Јунајтед ќе си замине без обештетување. Во својата кариера настапуваше за Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и Манчестер јунајтед.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Мировниот договор мора да биде траен; на Киев не може да му се наметне диктат – Стармер и Шолц со пораки од Париз

Британскиот премиер Кир Стармер сподели кратко видео на социјалните мрежи од француската престолнина, велејќи дека сите сакаат мировен договор –...

Македонија3 часа

Ранливите потрошувачи ќе можат да плаќаат 1.000 денари помалку во месецот за струја, усвоена е програмата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е усвоена Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за...

Македонија5 часа

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти

Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува...

Македонија6 часа

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“...

Македонија9 часа

Арсовска останува на функцијата дури и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, законот не е ретроактивен, вели Перински

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе остане на функцијата до крајот на мандатот дури и да бидат изгласани измените на...

Македонија9 часа

Угинаа животни во ЗОО Скопје, сомнежот е дека станува збор за труење, резултати се очекуваат по обдукција

Во текот на минатата недела, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи...

Македонија9 часа

Милошоски ја правда потребата од нов државен грб: Македoнија не треба да остане во друштво со Белорусија, Таџикистан и Ангола

Прашањето за менување на државниот грб не е поврзано со никакви избори, истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Ги отфрли...

Топ11 часа

Брендирана роба без документација пронајдена во товарно возило: приведен струмичанец

Вчера околу 16.30 часот на патниот правец од Богданци кон село Фурка, дојранско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни...

Македонија11 часа

(Видео) Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се...

Свет13 часа

Орбан: Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Украина може да се претвори во „верзија на европски Авганистан“ доколку американскиот претседател Доналд Трамп не може да обезбеди мировен...

Свет13 часа

Трамп сака мир во Украина до Велигден, пишува Блумберг

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој...

Свет13 часа

(Видео) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа девет луѓе

Најмалку девет лица ги загубија животите во текот на викендот бидејќи обилните дождови предизвикаа поплави во југоисточниот дел на САД,...

Свет14 часа

Трамп: Средбата со Путин ќе биде наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата очекувана средба со рускиот колега Владимир Путин во Саудиска Арабија „може да се...

Европа14 часа

Стармер е подготвен да испрати војници во Украина доколку е потребно

Британскиот премиер Кир Стармер изјави вчера дека е подготвен да испрати војници во Украина доколку се покаже дека е неопходно...

Европа15 часа

(Видео) Украинците нападнаа руски регион со дронови, погодена рафинерија

Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи,...

Македонија1 ден

„Валкани пари – смртни последици“ – во Скопје нов потестен марш по смртта на Фросина Кулакова

Голем број граѓани и денес, по трет пат, се собраа на протест на кој се бараше правда за Фросина Кулакова,...

Топ1 ден

Во полиција задржан тинејџерот од Косово кој прегази пешаци на улица во Скопје, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа околу 22 часот удри пешаци во Скопје на улицата Дринска. Седумнаесетгодишникот од...

Македонија1 ден

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија1 ден

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија1 ден

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...