Спорт
Данска ќе се бори за златото на ЕП

Светскиот првак Данска ќе се бори за европската титула откако во второто полуфинале, ја победи Германија со 29:26 (12:14).
Германија добро го отвори натпреварот, константно имаа предност во првиот дела, а на полувреме заминаа со предност од два гола.
Данците во вториот дел ја презедоа контролата, благодарение на голманот Нилсен. Во 13 минути и дозволија на Германија да постигне само три гола, а клучната серија ја направија од 50. до 53.минута кога дојдоа до најголемата предност 26:21.
Данските голмано комбинирано имаа 12 интервенции, Ландин пет, Нилсен седум, а најефикасни беа Јакобсен и Хансен со по пет гола. Германија Усчинс со пет гола, а Волф имаше 11 интервенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Гираси постигна четири гола, Грос забележа четири асистенции

Борусија Дортмунд го совлада Унион Берлин со 6)0 во 23. коло од Бундес лигата.
„Милионерите“ сезонава играат променливо, не можат да влезат во вистинскиот ритам, за нив ова беше деветтата победа од почетокот на сезоната.
Дуелот против Унион Берлин го обележаа Гираси и искусниот Грос. Напаѓачот од Гвинеја постигна четири гола, а Грос забележа четири асистенции.
едвај мина половина од теренот на стадионот „Вестфален“, а на крајот семафорот покажа 3:0 во корист на жолто-црните.
Дортмунд поведе во 25. минута кога Леите си постигна автогол, потоа Гираси постигна четири гола, а точка на натпреварот стави Бејер во 89. минута.
Борусија Дортмунд се наоѓа на 10.место на табелата со 32 бода, седум помалку од Фрајбург кој се наоѓа на четвртото место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Атлетико во Валенсија

Атлетико Мадрид триумфално мина низ Валенсија. Во 26.коло „јорганџиите“ славеа победа 3:0.
Меч-винер беше Хулијан Алварез кој ги постигна првите два гола во 12. и 29.минута.
Популарниот Арања (Пајак) дефинитивно е еден од најдобрите трансфери оваа сезона во Европа. Во Манчестер сити најчесто беше резерва, а во Ла Лига е еден од клучните играчи на Атлетико.
Точка на натпреварот стаци уште еден Аргентинец, Анхел Кореа во финишот на натпреварот.
По се уште некомплетното 25 коло, Атлетико е прв со два бода повеќе од Реал и Барселона.
Барселона подоцна вечерва ќе гостува во Лас Палмас, а Реал утре ќе ја пречека Џирона.
Спорт
Дебакл на Динамо Загреб во Риека

Во дербито на 23. коло на хрватскиот фудбалски шампионат, Риека го декласира Динамо Загреб со 4:0.
Шампионската трка во Хрватска е многу возбудлива и се води меѓу три клуба. Или барем се водеше до ова коло.
Риека го задржа првото место во поредокот со убедливиот настап против „модрите“, кои сега заостануваат седум бода зад вечерашниот ривал.
Помеѓу е Хајдук, кој заостанува само еден бод зад Риека.
Водството на Риека го донесе Џуара во 27. минута, а во следните 10 минути напаѓачот на Динамо Вилфрид Канга доби два жолти картони и ги остави соиграчите на цедило.
Тоа го искористија домашните до крајот на полувремето и преку Јанковиќ и Петровиќ стигнаа до големи 3:0.
Инфериорниот Динамо не можеше многу да направи во преостанатиот дел од натпреварот, а Риека во 51. минута го потврди убедливиот триумф со голот на Дујо Чоп за конечни 4:0.
Аријан Адеми за Динамо играше до 73.минута, додека Стефан Ристовски не доби шанса, мечот го гледаше од клупата за резерви.