Спорт
Дарвин Нуњез го шокира Ајакс
Бенфика е на прагот на подвиг во Амстердам. Дарвин Нуњез во 77.минута успеа да го совлада Андре Онана и му донесе предност на португалскиот тим на асистенција на Грималдо.
Сега Бенфика е пред пласман во следната рунда од елитното европско клупско натпреварување, со оглед дека првиот дуел на „Луж“ во Лисабон заврши 2:2.
Darwin Nunez is clutch, what a header! pic.twitter.com/DulRyN3O8w
— Gilles ????????? (@_Grimanditweets) March 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Англија е фаворитот на Гвардиола на СП
Тренерот на Манлестер Сити, Пеп Гвардиола, има свој фаворит за Светското првенство, кое наредната година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.
„Би сакал Англија да победи. Тука сум неколку години, дел сум од оваа земја и би сакал Томас Тухел и неговиот тим да го постигнат тоа“, заклучи Гвардиола.
Англија во првата фаза ќе се натпреварува во Л групата, заедно со Хрватска, Панама и Гана.
Првиот натпревар Англичаните ќе го одиграат на 17 јуни против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а четири дена подоцна против Панама.
Foto/ EPA
Спорт
Уште еден централен дефанзивец на Арсенал е повреден
Арсенал претрпе уште еден тежок удар во дедефанзивниот дел од тимот. Кристијан Москера ќе отсуствува најмалку шест недели поради комплицирана повреда на глуждот што ја заработи во победата против Брентфорд во средата.
Со оглед на тоа што Габриел Магаљаеш и Вилијам Салиба веќе се надвор од тимот, „топџиите“ се соочуваат со сериозни проблеми во одбраната, во клучниот период од годината.
Москера мораше да ја напушти играта за време на победата на Арсенал од 2:0 над Брентфорд откако направи незгоден старт, а првичните проценки сугерираат дека шпанскиот дефанзивец ќе отсуствува помеѓу шест и осум недели.
Неговата повреда дополнително го прошири списокот на повредени дефанзивци и создаде нови главоболки за тренерот Микел Артета, чиј тим се бори на неколку фронтови.
Арсенал е веќе без Салиба и Габриел. Французинот наводно е само „неколку дена“ од враќањето по мала повреда на тренинг, додека Бразилецот би можел да биде надвор од теренот до јануари поради проблем со бутниот мускул.
Во нивно отсуство, Москера формираше централен бек со Пјеро Хинкапи.
Артета сега ќе мора да формира нов пар во централниот дел од одбраната, извесно е дека покрај Хинкапи е ќе игра Калафјори.
Foto/ EPA
Спорт
УЕФА му ја намали казната на Луис Дијаз
Дисциплинската комисија на УЕФА делумно ја прифати жалбата на Баерн Минхен и му ја намали казната на Колумбиецот Луис Дијаз.
Клубот од Минхен потврди дека Европската куќа на фудбалот одговорила на нивната жалба и му ја намалила казната на Луис Дијаз од три на два натпревари поради црвениот картон што го доби на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен (2:1) на 4 ноември во главниот град на Франција.
Колумбиецот беше исклучен на крајот од првото полувреме во Париз кога грубо стартуваше врз Ашраф Хакими. Судијата доби повик од ВАР собата, го погледна видеото и го исклучи Дијаз.
Во тој момент, Баерн водеше со 2:0 со головите на Луис Дијаз и до крајот на натпреварот успеа да ја зачува победата и покрај тоа што имаше еден играч помалку во преостанатите 45 минути.
28-годишникот веќе отслужи еден натпревар суспензија, го пропушти натпреварот против Арсенал (1:3) во Лондон, а нема да може да игра ниту во вторник, 9 декември, против Спортинг Лисабон во Минхен.
Откако пристигна од Ливерпул ова лето за 60 милиони евра (45+15), Луис Дијаз се покажа како одлично засилување за Баварците. Досега, тој одигра 20 натпревари во сите натпреварувања и постигна 12 гола со шест асистенции.
Foto/ EPA

