Спорт
Давид Бабунски: Одиме во Палермо да ја победиме Италија!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го одржа првиот тренинг во пресрет на баражот против Италија за Светското првенство во Катар. Играчот за врска Давид Бабунски е повторно дел од А-селекцијата и оптимистички најавува борба за секоја топка и елиминација на европскиот првак
„Среќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата и тоа во овој посебен момент, за баражот за Светското првенство. Секако дека сме свесни сме против кого играме, Италија е европски првак, меѓутоа ние сме максимално мотивирани да докажеме дека Македонија може да игра и против најголемите. Одиме во Палермо да одиграме со срце и ќе дадеме се од себе за да победиме“, изјави Давид Бабунски.
Македонскиот национален тим утре патува за Палермо, а мечот на стадионот „Ренцо Барбера“ е закажан за 24 март, со почеток во 20.45 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Босна сепак ќе игра во АБА-лигата

Само еден ден откако од Босна пристигна веста дека нема да играат во АБА лигата следната сезона, се случи (не)очекуван пресврт и политичка реакција.
Босна беше најдобра во АБА 2 лигата оваа година избори директен пласман во елитната група. Сепак, клубот, призна дека нема средства за да се натпреварува во АБА лигата.
Министерот за култура и спорт на кантонот Сараево, Кенан Магода изјави дека е постигнат договор, а на состанокот одржан во вторникот присуствуваше и премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.
Босна ќе добие финансиска помош од политичката елита и нема да игра во Скендерија – нејзин нов дом ќе биде салата Зетра.
„Крунската инвестиција од претходните две години беше освојувањето на АБА 2 лигата и пласманот во елитата. Денес, на инсистирање на премиерот Нермин Никшиќ, имавме успешен состанок во зградата на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и ги отстранивме сите сомнежи. Сомнежот беше спортската сала каде што ќе се играат натпреварите. Владата на кантонот Сараево одвои историска сума, а Владата на БиХ ќе го продолжи трендот преку компаниите што ги поседува. Босна сигурно ќе биде сериозен играч на регионалната кошаркарска сцена, ќе славиме и ќе тагуваме заедно“, изјави Магода.
Најавата дека Босна нема да игра во АБА лигата непријатно ги изненади не само навивачите, туку и институциите што силно го поддржуваа клубот. Меѓу нив беше и министерот Магода, кој веќе имаше договор вреден 1,2 милиони марки (600.000 евра) подготвен да го поддржи клубот во неговото враќање на регионалната сцена.
Следната сезона, АБА лигата би можела да има дури 20 екипи, но форматот на натпреварувањето сè уште не е официјално објавен, како и клубовите што ќе имаат можност да се натпреваруваат.
Спорт
Мбапе неизвесен за првиот меч на Реал на клупскиот мундијал
Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.
Килијан Мбапе го пропушти последниот тренинг на Реал поради болест. Според шпанскиот печат, Мбапе се разбудил со висока температура. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека францускиот напаѓач би можел да го пропушти натпреварот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.
Потенцијалното отсуство на Мбапе го става новиот тренер Чаби Алонсо во дилема кој ќе го предводи нападот. Бразилскиот тинејџер Ендрик, кој можеше да биде алтернатива не е во тимот поради повреда на мускулот заработена против Севилја минатиот месец.
Мбапе беше клучен за Реал Мадрид оваа сезона, постигна 31 гол во Ла Лига, а вкупно 43 гола во 56 настапи.
Реал Мадрид влегува на турнирот како еден од фаворитите, а покрај Ал-Хилал, во групата Х ќе играат и РБ Салцбург и Пачука.
Спорт
Шампионот ја отвора сезоната, во првото коло дербито е помеѓу Јунајтед и Арсенал

Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпреварите за следната сезона, која започнува на 15 август.
Сезоната ќе ја отворат Ливерпул и Борнмут, во петок, 15 август на Енфилд од 21:00 часот. Првото коло ќе се игра во сабота, недела и понеделник, а дербито ќе го одиграат Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ (17 август, 17:30 часот).
Манчестер сити ја отвора сезоната со гостување во Вулверхемптон, Челзи ќе биде домаќин на Кристал Палас.
Во првото коло, Евертон нема да игра на својот нов стадион, туку гостува кај Лидс. Во второто коло, „карамелите“ ќе играат за прв пат пред навивачите на новиот стадион и тоа против Брајтон (23 август, 16:00 часот). Во второто коло дербито е Манчестер сити – Тотенхем.
Во третото коло, Ливерпул ќе се сретне со Арсенал, а првото манчестерско дерби во новата сезона е закажано за 13 септември, домаќин ќе биде Сити.
Само седум дена подоцна, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Арсенал, а истиот ден, дербито на Ливерпул ќе се игра на „Енфилд“.
Најголемото англиско дерби, прво во новата сезона, ќе се игра на „Енфилд“ на 18 октомври во 16 часот, а првиот дуел помеѓу Сити и Ливерпул оваа година ќе се игра во Манчестер на 8 ноември.
Целосниот распоред ќе го најдете ТУКА.