Спорт
Де Брујне: Гвардиола со еден разговор ме мотивираше за цел живот
Кевин Де Брујне е еден од најдобрите светски фудбалери, а на „Етихад“ пристигна во летото 2015 година. Тој откри дека еден разговор со Пеп Гвардиола му го променил погледот кон животот.
Една година по неговото доаѓање, во клубот пристигна и Пеп Гвардиола.
„Кога се сретнавме за првпат, Пеп ми рече да седнам до него. Потоа, ми рече: „Кевин, слушај, лесно можеш да се најдеш меѓу петте најдобри фудбалери во светот. Топ пет, многу лесно. Тогаш бев шокиран, но тој тоа го кажа со толку силна верба. Тоа целосно го промени мојот менталитет. Тоа беше генијален потег. Оттогаш се обидувам да му докажам дека е во право“, изјави Де Брујне.
Белгиецот има 323 настапи во дресот на Манчестер Сити, постигна 89 гола и забележа 132 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенец во рекорден трансфер доаѓа на „Сан Сиро“?
Милан во летниот преоден рок ќе остане без Оливие Жиру. Ветеранот како слободен играч се сели во САД, а клубот ќе мора да најде замена. Тројца играчи се поврзуваат со Милан: Бенјамин Шешко, Џошуа Зиркзе и Серху Гираси, а според медиумите рв пик е репрезентативецот на Словенија.
„Газета дело спорт“ во своето денешно издание пишува дека Шешко има излезна клаузула од 65 милиони евра, која може да се зголеми за дополнителни десет милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок.
Овој извор пишува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот прво мора да заработи пари од продажба на играчи за да инвестира дел од нив во засилувања, како и дека многу англиски клубови се заинтересирани за Шешеко (20).
Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари.
Доколку трансферот биде реализиран, Милан ќе го урне клупскиот рекорд. Трансфер рекордот го држи Рафа Леао за кого клубот издвои 49 милиони евра.
Спорт
Карагер со порака за Касемиро: Време е за Саудиска Арабија
Манчестер јунајтед „благодарение“, Касемиро, синоќа доживеа тежок пораз на „Селхурст парк“ од Кристал Палас. Бразилецот беше виновен за два од четири гола што ги постигнаа фудабалерите на Кристал Палас.
Англиските и шпанските медиуми, ден по натпреварот пишуваат за срамната партија на Касемиро, кој делуваше изгубено на теренот во улога на стопер. Поранешниот капитен на ливерпул, Џејми Карагер, во улога на стручен коментатаор испрати јасна порака до Бразилецот.
„На полувремето реков дека Тен Хаг треба да го замени. Мислам дека по ова Касемиро како искусен играч треба да знае дека му преостануваат уште три натпревари на ова ниво. Следните два во Премиер лигата и финалето во ФА Купот“, рече Карагер и додаде.
„Знам дека Касемиро постигна толку многу во кариерата, многу повеќе од мене. Но, тој е готов. Да бев негов менаџер, ќе го фатеф телефонот и ќе вртев во Саудиска Арабија или Америка“.
Касемиро беше издриблан осум пати, најмногу од сите играчи во англискиот шампионат оваа сезона.
Карагер за Касемиро изјави дека бил еден од најдобрите играчи од средниот ред во своето време додека играл во Реал, но и дека се има свој крај.
„Кога јас се пензионирав, важеше изреката „остави го фудбалот пред тој да те остави фудбалот“. Фудбалот го напушти, не е на нивото кое го бара Премиер лигата, мислам дека треба да замине“, рече Карагер.
Касемиро во Манчестер јунајтед пристигна рпед две сезони од Реал за 70 милиони евра. Договорот со „црвените ѓаволи“ му истекува за две години.
Спорт
Червар за Сигурдсон: За разлика од него, јас со Јапонија би се борел за злато на ОИ
Червар за Сигурдсон: За разлика од него, јас со Јапонија би се борел за злато на Олимпијадата
Легендарниот хрватски тренер, Лино Червар за „Спортклуб“, зборуваше новиот селектор на репрезентацијата на Хрватска, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон.
Поранешниот тренер на Металург и македонската репрезнетација не е премногу инпресиониран од Сигурдсон, иако Исланѓанецот успеа да ја однесе Хрватска на Олимписките игри во Париз.
„Во нормални услови јас би се борел за олимпиското злато со Јапонија“, изјави Червар, алудирајќи на тоа дека Сигурдсон беше селектор на Јапонија пред да дојде во Хрватска.
Червар додаде дека Сигурдсон не му е конкурент бидејќи тој повеќе не е заинтересиран за клупата на хрватската репрезентација.
Да потсетиме, хрватските ракометари под водство на новиот селектор Дагур Сигурдсон се пласираа на Олимписките игри во Париз. За Сигурдсон ќе биде третпат да води репрезентација на Олимписките игри, со Германија освои бронза во 2016 година, а со Јапонија настапи на Игрите во Токио пред три години.