Спорт
Де Хеа го елиминира Јунајтед од ФА-купот
Давид де Хеа (29) е главниот виновник за елиминацијата на Манчестер јунајтед од Челси во полуфиналето на ФА-купот. Вчера, на „Вембли“, Челси победи со 3:1. Де Хеа катастрофално реагира кај првите два гола.
Првиот гол за Челси го постигна Оливие Жиру длабоко во судиското надополнување на времето во првото полувреме, а вториот гол го постигна Мејсон Маунт на почетокот на второто полувреме.
Стручните консултанти на „Скај спорт“, поранешните големи ѕвезди на Премиер лигата, Алан Ширер и Гери Невил, жестоко го критикуваат голманот на Манчестер јунајтед.
„Доколку голманот направи една или две грешки, тогаш треба да го оставите да брани, но на Де Хеа ова често му се случува. Мислам дека треба да го вратат Дин Хендерсон во Јунајтед, тој треба да биде прв голман“, рекол Ширер.
„Де Хеа е непрепознатлив. Тоа не е повеќе оној голман што неколкупати ја добиваше клупската награда за најдобар играч во сезоната. Премногу често прави грешки. Де Хеа од минатите сезони, Де Хеа со голема доза самодоверба во себе, со леснотија би ги одбранил трите гола на Челси. Да сум на местото на Солскјер, ќе бев загрижен, поради несигурниот голман, Јунајтед веќе загуби неколку натпревари“, рекол Невил.
Давид де Хеа од 2011 година е играч на Манчестер јунајтед, Неговиот трансфер од Атлетико Мадрид изнесуваше 20 милиони фунти. Досега бранел на над 400 натпревари за „црвените ѓаволи“.
Минатиот септември тој потпиша нов договор со клубот до јуни 2023 година и стана вториот најплатен играч во клубот. Шпанскиот голман неделно заработува 415.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил
Спорт
Роберто Де Зерби ќе добие отказ поради чудо во Лисабон?
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, е во сериозна опасност да биде отпуштен, објави Радио Монте Карло Спорт (RMC).
Истиот извор наведува дека се во тек разговори меѓу сите страни за да се донесе одлука за иднината на Де Зерби на клупата на клубот од „Велодром“.
Статусот на италијанскиот стручњак беше доведен во прашање по елиминацијата на Марсеј од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 3:0 од Ливерпул во претходното коло, пред последниот натпревар, францускиот клуб имаше одлична шанса да се пласира меѓу 24-те екипи и да игра плејоф, но тоа не се случи поради неверојатниот крај на натпреварот во Лисабон.
Пред гостувањето во Клуб Бриж, Марсеј имаше дури 94 проценти шанси за пласман, меѓутоа, поразот од 3:0 во Белгија, заедно со победата од 4:2 на Бенфика над Реал Мадрид и други неповолни резултати доведоа до тоа францускиот клуб да заврши на 25-то место на табелата и да не продолжи со натпреварувањето.
Марсеј моментално е трет на табелата во Лига 1, седум бода зад лидерот Пари Сен Жермен.
Foto/ depositphotos
Спорт
Кристал Палас напаѓач најде во Вулверхемптон
Јорген Странд Ларсен е нов член на Кристал Палас.
Норвежанецот му се приклучи на клубот од јужен Лондон од Вулверхемптон, кој е на дното на табелата во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Според медиумите на Островот, вредноста на трансферот е 52 милиони евра плус шест милиони што може да ги заработи преку бонуси. Ова е втор најголем трансфер во овој преоден рок, по оној на Антоан Семењо. Репрезентативецот на Гана за 72 милиони евра од Борнмут замина во Манчестер Сити.
Ларсен одигра 63 натпревари за Вулверхемптон и постигна 20 гола. Оваа сезона, тој ја погоди противничката мрежа шест пати во 25 натпревари.
Foto/ depositphotos

