Спорт
Де Хеа: Некој фрлил клетва на Манчестер јунајтед
Давид де Хеа вели дека некој фрлил клетва на Манчестер јунајтед и не разбира зошто на клубот толку многу работи му тргнале наопаку последниве неколку години.
„Ѓаволите“ немаат трофеј од 2017 и последните сезони се забележува огромна разлика помеѓу нив и англиските ривали Ливерпул, Манчестер сити и Челси. Де Хеа е во клубот од 2011 и има играно под сер Алекс Фергусон две сезони и вели дека не сфаќа што точно се случило под неговите наследници.
„Мислам дека некој како да фрлил клетва на нас или нешто слично. Вистината е дека не знам што се случува, навистина не знам. Луѓето секогаш ме прашуваат, а разговараме и меѓу играчите и едноставно велиме: ‘Не знам што се случува’. Требаше да се бориме за трофеи, за големи титули, но едноставно не функционираме“, вели Де Хеа во интервју за шпанскиот „Ел паис“.
Нивото на клубот требаше да биде кренато со пристигнувањето на Кристијано Роналдо и Де Хеа вели дека неговото присуство е важно.
„Само кога ќе го видите да влегува во соблекувалната, ви дава желба да покажете дека сте на негово ниво. Мислам дека е посмирен од порано, но е вистинска машина. Тоа е добро да видат момците бидејќи покажува како треба да се грижите за себе за да останете на високо ниво“, вели Де Хеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

