Спорт
Де Хеа: Стареам, десет години во Јунајтед минаа како во сон

Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа нема намера да го напушти „Олд Трафорд“ иако неколку години бројни клубови не го кријат интерест за неговите услуги.
Де Хеа во 2011 година од Атлетико Мадрид се пресели на „Олд Трафорд“, неговиот договор со „црвените ѓаволи“ му истекува на 30 јуни 2023 година.
„Да, стареам, но да се биде дел од овој клуб е неверојатно чувство. Замислете 10 години минаа како во сон. Супер е да се одиграат толку натпревари за Јунајтед се надевам дека ќе останам овде уште многу, многу години“, рекол Де Хеа.
Де Хеа (29) со Јунајтед освоил по една титула во Премиерлигата (2013), Лига Европа (2017), ФА купот (2016), Лига купот (2017), додека три пати го освоил Суперкупот на Англија (2011, 2013, 2016).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферари ја однесе првата победа во новата сезона

Формула 1 тимот Ферари го доби судскиот спор со штого спречи неговиот поранешен технички директор Енрико Кардило да започне со работа во Астон Мартин до 18 јули.
Кардило го напушти Ферари за да стане технички директор во Астон Мартин, а двата тима оттогаш водат спор кога тој треба да ја започне својата нова работа.
Ферари во соопштението наведе дека Кардило „веќе ја прекршил антиконкурентската клаузула со Ферари“ и дека пресудата ја донел судијата во Модена „пред неколку недели“, објави Би-Би-Си.
Во соопштението се додава дека целта на релевантната клаузула во договорот на Кардило „е токму да се спречат другите Формула 1 тимови да стекнат неправедна предност со тоа што ќе го вработат Кардило порано од дозволеното и со тоа да му нанесат непоправлива штета на Ферари“.
Астон Мартин во соопштението рече дека „оваа работа е меѓу Енрико и Ферари, како и нивните правни застапници во Италија“ и дека тие „ќе ќе се огласат кога ќе биде потребно“.
Законската победа на Ферари значи дека Кардило нема да може да започне да работи во Астон Мартин додека болидот на тимот од 2026 година е во фаза на развој.
Спорт
Дресот на Бекенбауер ќе виси под покривот на стадионот на Баерн

Баерн Минхен објави дека дресот на легендарниот играч на клубот Франц Бекенбауер во иднина ќе виси под покривот на стадионот „Алијанц Арена“.
Дресот со број пет ќе биде изложен во огромна големина, за да може да го видат сите присутни на стадионот, а премиерно ќе биде прикажан на претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен во среда.
Баерн додаде дека ова е начин да му се оддаде почит на Бекенбауер по повод 125-годишнината на клубот.
„Воодушевени сме што клубот му оддава почит на Франц Бекенбауер на овој извонреден начин на „Алијанц Арена“, откако нашите членови на генералниот состанок одлучија неговиот дрес со број пет да биде повлечен. Спортското срце на Баерн Минхен е дома на овој стадион и длабоката поврзаност на клубот со нашиот „Кајзер“ секогаш треба да се покажува на натпреварите“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.
Бекенбауер одигра 584 натпревари и постигна 75 гола за Баерн Минхен во периодот од 1964 и до 1977 година. По завршувањето на кариерата беше тренер и претседател на германскиот клуб.
Спорт
„Секоја чест за Меси и Кристијано, но Бразилецот Роналдо е најдобар“

Жозе Мурињо веќе 25 години има значајна позиција на големата тренерска сцена, со големо искуство зад себе, па може добро да го процени квалитетот на секој играч.
За многу љубители на фудбалот, тренерите и играчите, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се синоним за најдобрите играчи во историјата.
Кога ќе се земат предвид нивните успеси, долги кариери, популарност и исклучителен квалитет, Португалецот и Аргентинецот секако имаат силни аргументи на своја страна.
Меѓутоа, Мурињо има поинакво мислење. Тој верува дека има еден играч кој го надмина гореспоменатиот тандем. Станува збор за легендарниот Роналдо Назарио, за кого славниот тренер тврди дека неговиот талент ги надминува сите други играчи.
„Кристијано Роналдо и Меси имаа најдолги кариери, тие беа на врвот секој ден 15 години, но ако зборуваме стриктно за талент и вештина, никој не е подобар од Бразилецот Роналдо. Кога го видов во Барселона, сфатив дека тој е најдобриот играч што сум го видел“.