Спорт
Де Јонг го продолжи договорот со Барселона
Холандскиот фудбалер Френки де Јонг потпиша нов договор со Барселона, кој ќе го задржи на „Ноу Камп“ до 2029 година, објави каталонскиот клуб.
„Френки де Јонг ја продолжи соработката со фудбалскиот клуб Барселона до 2029 година. Холанѓанецот потпиша нов договор во среда во седиштето на клубот, во присуство на претседателот Џоан Лапорта, потпретседателот Рафаел Јусте, членот на одборот Џоан Солер, спортскиот директор Андерсон Луис де Соуза Деко, координаторот Бојан Кркиќ и други членови на спортската комисија“, се наведува во официјалното соопштение.
Како што објавија шпанските медиуми, новиот договор предвидува зголемена откупна клаузула, која сега изнесува 500.000.000 евра.
Де Јонг пристигна во Барселона од Ајакс во 2019 година.
За време на престојот во Барселона, тој ја освои титулата шампион на Шпанија, Купот на Кралот и Суперкупот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брендан Роџерс најде работа во Саудиска Арабија
Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија.
Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна.
Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела.
„Ова е навистина историски момент за клубот. Тренер од калибарот и искуството на Брендан ги одразува нашите амбиции и долгорочната визија што ја има Ал Кадисија како еден од водечките клубови“, рече Џејмс Бизгроу, поранешниот извршен директор на Ренџерс, а сега на саудискиот клуб.
Кадисија е на петтото место на табелата со 17 бода, десет помалку од лидерот Ал Наср, но е и во центарот на вниманието бидејќи се споменува како клуб кој би бил подготвен да го сруши рекордот за трансферот на Мохамед Салах.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ф1 се враќа во Португалија
Од 2027 година, Португалија ќе се врати во календарот за трки на Формула 1.
Трките ќе се возат на патеката Алгарве, во близина на Портимао, која беше домаќин на две Гран При трки за време на пандемијата ковид-19, во 2020 и 2021 година.
Португалија практично ќе ја замени Големата награда на Португалија, која ќе се одржи на патеката Зандворт за последен пат следната година.
Патеката Портимао е долга околу 4,65 км, се протега на ридест терен и е високо ценета поради предизвиците што им ги поставува на возачите.
Се наоѓа во рурална област северно од брегот и исто така има репутација како патека со проблематичен пристап.
„Многу сум задоволен што Портимао се враќа во календарот на Формула 1 и што спортот продолжува да ја поттикнува страста на нашата неверојатна португалска база на фанови“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
„Патеката нуди возбудувања од првата кривина до целта, а нејзината енергија ги крева фановите на нозе. Интересот и побарувачката за домаќинство на Големата награда на Формула 1 се поголеми од кога било досега“, додаде шефот на Ф1.
Луис Хамилтон ги освои претходните две трки, возејќи за Мерцедес.
Неговата победа во 2020 година го направи апсолутен рекордер по бројот на победи во трките во Формула 1, бидејќи го надмина рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа.
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март 2026 година, со нови правила и нови тимови.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Флег рекордер на Далас, собори и рекорд на Леброн Џејмс
Кошаркарите на Јута Џез ги победија Далас Маверикс по продолжение со 140:133 на домашен терен, во НБА лигата.
Натпреварот го обележа, првиот пик на драфтот, Купер Флег, кој постигна рекордни 42 поени со седум скока и шест асистенции, што е негов рекорд во кариерата.
Флег, стана најмладиот играч во историјата на Мавс кој постигнал најмалку 40 поени во еден натпревар.
Тој исто така постигна најмногу поени, како играч помлад од 18 години, надминувајќи го рекордот на Леброн Џејмс од 2003 година од 37 поени.
Сепак и покај брилијантниот натпревар што го одигра Флег, Далас не успеа да победи во Солт Лејк Сити.
Од друга страна, Јута до победата ја предводеше Кејонте Џорџ со 37 поени со пет скока и шест асистенции, ова беше негов втор најдобар настап во НБА.
Foto/ LaPresse

