Спорт
Де Лихт ја одбрал Барселона?

Талентираниот дефанзивец на Ајакс, Матијас Де Лихт, решил каде ќе ја продолжи својата кариера. Ова го тврди неговиот соиграч, голманот Андре Онана.
Голманот на Ајакс тврди дека Де Лихт од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Наводно, 19-годишниот дефанзивец решил да го следи примерот на две години постариот Френки Де Јонг, кој веќе потпиша договор со Каталонците вреден 75 милиони евра.
„Де Лихт сака да игра за Барселона. Неколку пати сме разговарале на таа тема, исто како што сум разговарал и со Де Јонг“, рекол Онана.
Инаку, Нигериецот е „производ“ на славната академија на Барселона, Ла Масија.
Инаку во Барселона не го кријат интересот за Де Лихт, но се шпекулира дека во своите редови би сакале да го видат и двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед, односно Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИФА сака Светско првенство со 64 репрезентации

ФИФА, сериозно размислува за идејата Светското првенство во 2030 година да биде проширано на 64 репрезентации.
Според извори на „Оле“, ФИФА ќе го поддржи предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на учесници на турнирот на рекорден број.
Во тој случај, натпреварувањето би било организирано во 16 групи, каде што секоја група би имала по четири репрезентации. Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група би се пласирале во нокаут фазата.
Натпреварите на Светското првенство во 2030 година ќе се играат во Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Три од натпреварите од групната фаза би се играле целосно во јужноамериканските земји, додека остатокот од турнирот би се играл во Европа и Африка.
ФИФА веќе го прошири бројот на учесници на турнирот – од 32 на 48 репрезентации. Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата со 48 репрезентации.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Мексико, Канада и Соединетите Американски Држави, додека домаќин во 2034 година ќе биде Катар.
Спорт
Леао: За малку ќе завршев во Интер

Рафаел Леао е еден нјдобрите трансфери на Милан во последните пет години. Крилниот напаѓач гостувајќи во еден подкаст откри дека пред да потпише договор со Милан, Интер бил сериозно заинтересиран за него.
Кога португалскиот офанзивен играч го носеше дресот на Лил, Интер беше првиот што затропа на вратата, во летото 2019 година.
Леао не бил расположен за трансфер на „Џузепе Маца“, иако францускиот клуб се залагаше тој трансфер да се случи. Неколку недели подоцна, решил да ја прифати понудата на Милан.
„Спортскиот директор ми рече дека ќе ме продаде на Интер. Реков не, сакам да останам уште една година за да се подобрам и зацврстам мојата позиција. Тој инсистираше: зборуваше за пари, за можности. Но, јас не се предомислив. По неколку недели, тој ми одговори: „Милан е тука“. Веднаш реков да. Два дена подоцна, ми кажа дека има конкретна понуда и дека некој сака да ми се јави. Тоа беше Паоло Малдини, на видео. Ми рече: „Мора да дојдеш, ние сме подготвени да те примиме“. Не можев да одбијам“, рече Леао, додавајќи:
„Како дете, ги гледав Роналдињо, Роналдо, Кака, Сидорф: тие беа историја. Седум титули во Лигата на шампионите, втори веднаш зад Реал Мадрид. Помеѓу Милан и Интер, би го избрал Милан сто пати.“
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Борг: Ѓоковиќ е ГОАТ, Федерер и Надал го делат второто место

Легендарниот тенисер Бјорн Борг вели дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот (Г.О.А.Т) на сите времиња.
„Ѓоковиќ, за мене, е најголемиот кој некогаш го играл овој спорт. На второто место се Федерер и Надал, тие се изедначени“, рече Борг во интервју за „Скај Спорт“.
Новак има 38 години, но сè уште се бори за најголемите трофеи. Тој е единствениот оваа сезона кој стигна до сите четири полуфиналиња на Гренд Слем, заедно со Јаник Синер.
„Ќе му биде тешко со Синер, Алкараз и другите, но сè уште може да го направи тоа. Се надевам дека ќе има мотивација да игра барем уште една сезона“, додаде Борг.
"Djokovic, for me, is the greatest player to have ever played the game"
Bjorn Borg weighs in on the GOAT debate 🐐 pic.twitter.com/mZyOQ9Znt9
— Sky Sports Tennis (@SkySportsTennis) September 23, 2025