Спорт
Де Роси: Одлуката да заминам од Рома не беше моја!

Италијанскиот фудбалер, Даниеле де Роси изјави дека не била негова одлуката да замине од Рома, затоа што планирал целата кариера да ја помине кај „волчицата“, исто како што тоа го направи Франческо Тоти.
Сепак, Де Роси го напушти Рим се пресели во Аргентина, во Бока Јуниорс.
„Многу ретко е некој да игра 20 години во еден клуб. Не можам да гарантирам дека истото би го сторил и како тренер, затоа што ниту еден тренер не трае толку олго. Би сакал да ја тренирам Рома еден ден, но мислам дета треба да почнам со некои помали работи“ – изјави Де Роси за „Скај Италија“.
Тој додаде дека никогаш не сакал да ја напушти Рома, не сакал да си оди.
„Никогаш не сум бил лажго, секогаш сум бил реален. Иако клубот го напуштив после 20 години, не сакам навивачите да гледаат на тоа како некоја трагедија. Да, јас не сакав да одам од Рома, но тоа е фудбалот“ – кажа тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.