Спорт
Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет
Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.
Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.
Со Шведска избраниците на Данило Брестовац се држеа во првите 15 минути, со Египет се предадоа од самиот почетокот.
По 10.минути игра Египќаните водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. Данило Брестовац потоа побара минута одмор, по што Македонија постигна три гола и тоа беше се што го покажаа на овој натпревар.
При резултат 10:6 во 18.минута, судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.
Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).
Вториот дел наликуваше на тренинг меч, Македонија до двоцифрен број на голови дојде во 40 минута, а во истата минута Египет имаше плус од 20 голови (30:10).
Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.
Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA

