Спорт
Деби победа на Басино, Шифрин само трета во Килингтон (видео)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/img-1.jpg)
Марта Басино предводеше 1-2 победа за Италија на велеслаломската трка од Светскиот куп во Килингтон, САД, оставајќи ја домашната фаворитка Микаела Шифрин само на третото место.
23-годишната Басино, која беше прва и по првото возење, остана сигурна и во второто возење за своја прва победа во кариерата на студот во Вермонт. Второто место го освои Федерика Брињоне со 0.26 секунди заостанување, додека Шифрин заостана 0.29 секунди.
Патеката беше скратена поради силниот ветер и Шифрин не успеа да се врати по слабото прво возење по кое беше петта. Брињоне беше најбрза во второто возење. Утре во Килингтон се вози слалом.
Pure elation for Italy’s Marta Bassino, who manages to hold onto top spot through both runs and takes GOLD at Killington in the giant slalomhttps://t.co/WtKSzRawrP pic.twitter.com/SYFKPi9ySO
— CBC Olympics (@CBCOlympics) November 30, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Вирц ќе го продолжи договорот со Баер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/2148016736.0.jpg)
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц ќе го продолжи договорот со клубот, дознава германскиот весник „Билд“.
Вирц веќе извесно време е во преговори со Баер за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на играчот за врска истекува во летото во 2027 година. Според „Билд“, новиот новиот договор ќе биде продолжен за уште 12 месеци, а Вирц ќе заработува преку 10 милиони евра годишно наместо досегашните осум милиони.
Во договорот на германскиот репрезентативец ќе има и откупна клаузула вредна 125 милиони, која ќе важи од летото 2026 година.
Неколку богати клубови изразија интерес за 21-годишниот фудбалер.
Манчестер сити е најсериозен во обидите да го ангажира Вирц, сидејќи е извесно дека Кевин Де Брујн ќе го напушти „Етихад“ кога ќе му истече договорот на лето.
Вирц е најважниот играч на Баер оваа сезона. Тој е плејмејкер, но веќе постигна 15 гола и забележа 12 асистенции во сите натпреварувања.
Баер Леверкузен е на второто место на табелата во Бундеслигата со 46 бодови, додека Баерн е лидер со 54.
Спорт
Швајцарска доминација во екипна комбинација во Залбах
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12815356.jpg)
Швајцарските скијачи ги освоија сите медали во екипна комбинација на Светското првенство во Залбах, Австрија.
Најбрзи беа Франц фон Алмен и Лоик Мајер.
Во новото натпреварување во екипна комбинација, едниот скијач скија во спуст, а другиот слалом, нивните резултати се собираат.
Фон Алмен и Мејар го освоија златниот медал со време од 2:42,38 минути. Сребрениот медал го освоија Алексис Мони и Тангуј Неф, кои водеа по првото возење со заостанување од 0,27 секунди.
Бронзата им припадна на Стефан Рожентан и Марк Роша со 0,43 секунди заостанување.
Швајцарците доминираат на Светското првенство во Залбах, Марк Одермат го освои златото во супер-Џи и Фон Алмен во спуст.
Спорт
Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание во младинската Лига на шампиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/images-2.jpg)
Според моделот на младинската Лига на шампиони на УЕФА и Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе воведе натпреварување за тимови до 18 години. Натпреварувањето ЕХФ го нарече „EHF Youth Club Competition“. Во премиерното издание ќе учествува и Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе учествуваат на турнирот во Букурешт, а противници ќе им бидат Динамо, Кјелце и Висла.
Премиерното издание ќе се игра турнирски, а завршниот турнир ќе биде во Келн.
Ќе учествуваат 16 екипи поделени во четири групи од по четири екипи. Победниците на турнирите ќе се пласираат на фајналфорот во Келн.
Турнирите ќе се одржат во Барселона, Букурешт, Веспрем и Берлин:
Турнир во Барселона: Барселона, ПСЖ, Нант, Спортинг
Турнир во Веспрем: Веспрем, Загреб, Сегед, Војводина
Турнир во Берлин: Фуксе Берлин, Магдебург, ГОГ, Савехоф
Турнир Букурешт: Динамо Букурешт, Кјелце, Висла Плоцк, Еурофарм Пелистер
Вкупно, 13 од 16. клубови кои имаат тимови во сениорската Лига на шампиони учествуваат во ова ново натпреварување до 18 години.
Алборг, Фредериција и Колштад не се дел од турнирот, а нивните места ги заземаа ГОГ, Војводина и Савехоф.
ЕХФ се надева дека новото клупско натпреварување, младинската Лига на шампиони, дополнително ќе помогне во развојот на ракометот.