Спорт
Дебитантот Ди Џанантонио на пол-позицијата во Муѓело

Доминација на дебитантите и на Дукати, на квалификациите пред трката за Големата награда на Италија, во Мото ГП шампионатот. Првото и второто место ги освоија дебитантите во „кралската класа“, Фабио Ди Џанантонио од Гресини и Марко Безеки од ВР46, а првиот стартен ред го комплетираше колегата на Безеки, Лука Марини. На првите пет места во квалификациите завршија четворица возачи на сателитските тимови на Дукати и Пеко Бањаја од фабричкиот тим.
Ди Џанантонио, во својата деби сезона во најсилната класа, ја освои првата пол-позиција. Возачот на Гресини, водеше во најголемиот дел од квалификациите, а најбрзото време го постави во последниот летечки круг 1:46.156 минути.
Четвртото место му припадна на Жоан Зарко од Прамак Дукати, петти е Пеко Бањаја, а вториот стартен ред го комплетираше актуелниот светски првак, Фабио Квартараро од Јамаха.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер донесе засилување од Сардинија
Италијанскиот фудбалер Раул Беланова е нов играч на Интер, потврдија од клубот. Беланова пристигнува во Интер од Каљари на позајмица, со право на откуп на договорот.
Минатата сезона младиот италијански фудбалер одигра 31 натпревар за Каљари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
Беланова пред Каљари играше за француски Бордо, Аталана и Пескара.
Минатата среда Интер го потврди доаѓањето на Ромелу Лукаку на позајмица од Челзи, а два дена подоцна го најави доаѓањето на Кристијан Аслани од Емполи.
Интер во овој преоден рок ги ангажираше и Андреа Онана од Ајакс и Хенрих Мхитаријан од Рома.
Спорт
Легендата на Бетис го продолжи договорот

Најмалку уште една сезона, највозрасен играч во петте најсилни европски првенства ќе биде Шпанецот Хоакин Санчез. Легендата на Бетис на 21.јули ќе наполни 41 година. Она што беше најавено пред два дена попладнево доби потврда, Хоакин го продолжи договорот со Бетис до јуни 2023 година.
Бетис, на промоцијата се пошегува со ветеранот.
„Младиот Хоакин го обнови договорот со Бетис до 2023 година. Уште една година за легендата“, напишаа од клубот.
Хоакин е жива легенда на Бетис, клубот во кој ја започна својата кариера, пред да се пресели во Валенсија во 2006 година. Играше и во Малага и Фиорентина, а во 2015 година се врати дома на стадионот „Бенито Виламарин“.
За Бетис одигра вкупно 451 официјален натпревар, што е клупски рекорд. Минатата сезона тој го подигна трофејот во Купот на кралот, што го направи со Бетис пред 17 години. Тој минатата сезона играше 37 пати за клубот од Севиља и постигна два гола.
Оваа вест стигна само неколку часа по објавата дека и Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан. Сепак, Ибрахимовиќ нема да стане најстариот играч во најсилните европски лиги бидејќи е три месеци помлад од Хоакин.
???? OFICIAL | El juvenil @joaquinarte renueva con el #RealBetis hasta 2023 ????????
¡Un año más de ????????????????????????????! ????????
➡ https://t.co/85N0mVw3cv pic.twitter.com/3dOFTQT5l2
— Real Betis Balompié ???????? (@RealBetis) July 6, 2022
Спорт
Ивановски ќе игра во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето, на јуниорскиот турнир во Вимблдон. Ивановски славеше победа над Литванецот Едас Бутвилас.
Ивановски отпорот на противникот го скрши по два часа и три минути игра.
Првиот сет му припадна на Ивановски со 6/4. Во вториот Литванецот возврати со 7/5, а потоа во третиот со 6/0 за само 29 минути игра, Ивановски го реши прашањето околу патникот во четвртфиналето.
За место во полуфиналето, Калин Ивановски ќе игра против Бор Артнак од Словенија или против Шпанецот Педро Роденас.