Спорт
Дефанзивецот на Ајакс, Таљафико, оди по стапките на Мајкл Фелпс (фото)

Одбранбениот играч на холандскиот шампион Ајакс, Аргентинецот Николас Таљафико, е познат по тоа дека не се плаши да ја стави главата таму каде што некои се плашат да постават нога.
На вчерашниот меч против Фортуна се повреди, па лекарскиот тим на Ајакс му стави на главата капа што ја користат пливачите.
На друштвените мрежи тој на шега напиша дека е подготвен да заплива.
На ова реагира и ексголманот на амстердамскиот клуб, Едвин ван дер Сар, кој напиша дека Аргентинецот тргна по стапките на Мајкл Фелпс и дека би требало од Олимпијада да се врати со златен медал.
Повредата на Таљафико не го спречи Ајакс со високи 5-0 да слави против Фортуна.
Three points on the board, now it’s time for a few lengths.
????♂
Tres puntos dentro, ahora vamos por un largo.#ajafor pic.twitter.com/D1boBQcz1e— Nico Tagliafico (@nico_taglia) September 25, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена.
Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на нерешен резултат, многу е веројатно дека ќе се квалификуваат преку рангирањето на најдобрите второпласирани.
Малата, но амбициозна држава е лоцирана на Атлантикот и е поранешна португалска колонија со независност стекната во 1975. Многу играчи од репрезентацијата играат во Португалија и Европа, но никогаш претходно не учествувале на Светско првенство.
Интересно е дека билетите се продаваат на пет физички локации – на стадионот, неколку пекарници и бензински пумпи, без онлајн продажба.
Спорт
Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан и тоа по цена од 300, 400 и 500 денари, во зависност од седиштето кое ќе го одберете.
Спорт
Македонија до 19 години убедливо ја победи Црна Гора на гости

Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.
Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф.
Серијата голови за нашата селекција ја отвори фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, во првото полувреме. Откако домаќините успеаја да израмнат, Македонија повторно поведе со гол од пенал на членот на Црвена ѕвезда, Горазд Ристовски.
Црна Гора повторно израмни на 2:2, но по голема грешка на домашниот голман, Адмир Љафити донесе ново водство за Македонија. Истот играч со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат, 2:4 во корист на нашата селекција.
Првиот пријателски натпревар меѓу овие две репрезентации заврши без голови, 0:0.