Спорт
Деградиран судијата што го оштети Јувентус против Верона
Италијанскиот судија Антонио Рапуано ќе ја дели правдата во натпреварите од Серија Б во остатокот од сезоната поради неколку грешки за време на натпреварот помеѓу Верона и Јувентус.
Одлуката да се премести на пониско ниво од натпреварувањето се чека само на bide официјалнo потврдeна, бидејќи неколку италијански медиуми дојдоа до овој заклучок од извори блиски до Сојузот и Лигата. Рапуано е „обвинет“ дека во два наврати го оштетил гостинскиот тим.
Најпрвин не го видел престапот на играчот на Верона, во моментот кога изведува аут (секако, помошникот морал прв да реагира), по што се случила спорна ситуација пред голот на Јувентус.
Arm up against Juve, not even reviewed.
Arm down by Juve, penalty awarded. pic.twitter.com/VeMT0S7vhM
— onagapnotsew (@westonpagano) September 20, 2025
Топката паднала врз раката на дефанзивецот на гостите Жоао Марио, но дури откако претходно го погодила во главата. Во тој момент, тој ги држел очите затворени и бил во дуел со играч на Верона, па не можел ниту да ги контролира своите движења, ниту да го види летот на топката.
Фудбалерите на Верона не побарале пенал, ниту пак судијата размислувал да го додели, но се предомислил откако бил повикан од неговите колеги во БАР собата. Рапуано ја прегледал снимката и досидуи пенал за Верона.
Јувентус е особено лут на Рапуано за тоа што ја превидил ситуацијата во која напаѓачот на Верона, Орбан, намерно го удри Гати со лакт во лицето и го фрли на земја.
Нигериецот доби само жолт картон за тој старт. Јувентус прашува зошто ВАР не го повика главниот судија да го погледне видеото од таа ситуација.
🗣️| Luca Marelli to @DAZN_IT
“Contact between Orban and Gatti? Orban never looked at the ball, the feeling is that he was aiming for the face. Why hasn't the VAR called for review? So many unanswered questions about this” pic.twitter.com/qbkssOnCDW
— JuveFC (@juvefcdotcom) September 20, 2025
Судиската комисија ја оценила арбитражата на Рапуан како незадоволителна и веќе одредила строга санкција за него – преместување во понизок ранг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еквадорецот го воодушеви Артета, Арсенал ќе го откупи договорот на Инкапие
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со која Пјеро Инкапие (24) официјално ќе стане играч на „Топџиите“.
Еквадорскиот дефанзивец пристигна во Лондон ова лето како позајмен од Баер Леверкузен за 6.000.000 евра, се покажа добро и кога ќе започне летниот преоден рок, Арсенал ќе го откупи за 52.000.000 евра.
Инкапије е универзален дефанзивец, може да ги покрие сите позиции во задната линија, а Артета го користи најмногу на позицијата лев бек.
Тој ја искористи својата шанса додека Рикардо Калафиори беше повреден, се етаблираше во стартната постава, а викендот доби предност пред закрепнатиот Италијанец во дербито против Тотенхем, кое Арсенал го доби со 4:1.
Како дел од договорот за позајмица, веќе е договорен петгодишен договор што Инкапије ќе го потпише. Германскиот клуб ќе задржи 10 отсто од секој иден трансфер.
Артета неодамна ги пофали квалитетите на Инкапије.
Арсенал моментално е лидер во Премиер лигата со пет бода повеќе и натпревар повеќе од Манчестер Сити, ќе играат против Сити во финалето на Англискиот Лига Куп, а исто така се квалификуваа и за осминафиналето на Лигата на шампионите и завршницата во ФА Купот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мадрид на нозе поради Бенфика, на Јувентус му треба чудо
Вечервашните реванши од плејофот во Италија, Шпанија и Франција ќе ги пополнат преостанатите места во првата „вистинска“ нокаут рунда од елитното натпреварување, познато како Лига на шампиони.
Апенините ќе „горат“ поради Јувентус и Аталанта, со мала надеж дека претставниците на Серија А ќе ја избегнат резултатската гилотина, бидејќи опстанокот во најсилното натпреварување на УЕФА им виси на двата клуба.
Јувентус е во особено тешка ситуација, откако минатата недела го напушти Истанбул со пет гола во мрежата.
Прогнозите се дека Јувентус треба да одигра идеален натпревар или да Галатасарај треба да има многу лош ден.
Во слична позиција е и Аталанта, најмногу поради тоа што во Дортмунд изгледаше многу лошо. Борусија во Бергамо брани предност од два гола.
Доколку два та клуба вечерва испаднат, тоа ќе биде вистинска катастрофа за Серија А, откако синоќа сензационална елиминација од Боде/Глимт доживеа Интер.
Реал Мадрид има минимално водство по првите 90 минути, противБенфика, иако покажаа повеќе од она што резултатот го покажува од гостувањето во Лисабон.
Фудбалската јавност е љубопитна да види како домашната публика ќе ги пречека гостите од Лисабон, откако нивниот играч Винисиус беше жртва, како што тој тврди, на расистичка навреда на „Ла Луж“.
Бенфика ќе биде без тренерот Жозе Мурињо и Џанлука Престијани, кој доби суспензија од УЕФА, токму поради поплаките од Винисиус и Мбапе.
Минатата недела, актуелниот европски првак ПСЖ, надомести минус од два гола во Монако, поради што во реваншот влегува како апсолутен фаворит.
Денот во Лигата на шампионите ќе го отвори дуелот Аталанта-Борусија, во 18.45 часот, сотанатите три натпревари ќе започнат во стандардниот термин од 21 часот.
Спорт
Две жени добиваат кривина во „Алберт Парк“
За прв пат во историјата, две жени ќе го добијат своја кривина во Формула 1, а честа им припаѓа на тркачката инженерка на Естебан Окон, Лаура Милер, и шефицата за стратегија на Ред Бул, Хана Шмиц.
Како дел од прославата на Меѓународниот ден на жената, кривината 6, на патеката „ Алберт Парк“ ќе ги носи имињата на Лаура и Хана на денот на Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешното првенство во Формула 1, но и нова ера во спортот.
Сè ќе биде организирано во рамките на иницијативата „Во нејзиниот агол“, која е дел од партнерството помеѓу компанијата „Engineers Australia“ и организаторите на Големата награда на Австралија со цел да се инспирира следната генерација инженери.
Милер стана првата жена тркачка инженеркам, во историјата на Формула 1, кога ја презеде улогата по доаѓањето на Окон во Хас.
Францускиот возач постојано нагласуваше дека е задоволен што соработува со Лаура и дека нејзиниот напредок во кариерата е исклучително импресивен.
Шмиц соработуваше со голем број возачи откако се приклучи на Ред Бул, а таа одигра голема улога во освојувањето на титулите на Макс Ферстапен во 2022 и 2023 година благодарение на нејзините стратегии.
Големата награда на Австралија на патеката „Алберт Парк“ се одржува на 8 март, но акцијата во Мелбурн започнува два дена порано.

