Спорт
Дејвид Хеј се враќа во рингот на 40 години, првиот противник му е милијардер
Поранешниот шампион во тешка категорија, 40-годишниот Британец Дејвид Хеј се враќа во рингот во септември на дуел со Џо Фурниер во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес како пред-меч на уште еден камбек, тој на Оскар де ла Хоја против Виктор Белфорт.
Хеј последен пат беше во рингот во 2018 година, кога загуби од Тони Белју, по што се префрли во менаџерски води како советник на поранешниот ривал Дерек Чизора. Мечот со Фурниер ќе биде во теш категорија и во 8 рунди.
„Ова не е камбек, туку е прилика да го научам Џо Фурниер лекција по бокс. Има некои работи во животот кои не можеш да ги купиш и сега ќе го научи тоа“, вели Хеј.
38-годишниот Фурниер, кој има прекар „Милијардер“ навистина е милијардер, правејќи богатство со своите вежбални и ноќни клубови. Тој има 9-0 скор во професионалниот бокс, но има само еден меч од 2016 година.
This isn’t a comeback, this is about teaching there are levels in boxing. One must stay in their lane or risk getting flattened.
Joe ‘The Billionaire’ Fournier needs to learn that you can’t buy everything. Champions are born not bought.
Full release ?? https://t.co/NZA94Kr3cL pic.twitter.com/Ipp7XSFasT
— David Haye (@davidhaye) August 12, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

