Спорт
Дел Боске: Го наговаравме Меси да игра за Шпанија, ама тој ја сака Аргентина
Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, Висенте дел Боске, изјави дека му било сон да го види Лионел Меси (31) во репрезентацијата на „црвената фурија“.
Тој во изјава за радио „Вила Тринидад“ вели дека првите луѓе на Фудбалскиот сојуз на Шпанија вложиле голем труд за да го наговорат Меси да го облече дресот на „фуријата“, но безуспешно.
„Сојузот вложи доста труд и наговарање за Меси да заигра за Шпанија, но без ефект. Лионел одби затоа што ја сака својата татковина. Меси е Меси, еден и единствен, ми беше сон да го тренирам“, рече Дел Боске.
Сјајниот Аргентинец ѝ се приклучи на Академијата на Барселона во 2001 година и беше во можност да избира меѓу Аргентина и Шпанија, но сепак ја избра татковината во која е роден.
Сепак, успесите на Меси со Аргентина се разочарувачки во однос на клупските. Со „гаучосите“ загуби три финалиња на Копа Америка, а загуби и во финалето на мундијалот во 2014 година.
Former Spain manager Vicente del Bosque ?
“The Federation made every effort to get Messi to play for Spain. Lionel refused because he loves his country. His arrival would have been for the best.”
Imagine Messi in Spain’s 2010 World Cup winning team ? pic.twitter.com/cNy47eyBvK
— Footy Accumulators (@FootyAccums) May 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларна пресметка на најдбрите дебитанти во НБА лигата
Изминатата ноќ во НБА ја обележааа дебитантите Кон Кнупел и Купер Флег. Шарлот Хорнетс го победија Далас со 123:121.
Пресметката на најдобрите дебитанти во лигата оваа сезона му припадна на Кон Кнупел. Тој беше херојот на Шарлот, постигна34 поени, вклучувајќи ги и победничките слободни фрлања на четир секунди до крајот.
На спротивната страна Купер Флег натпреварот го заврши со 49 поени. Флег го сруши рекордот на НБА, кога се во прашање дебитантите, кој го држеше Клиф Робинсон од 1980 година со 45 поени.
Но, во финишот, тој направи клучна грешка и промаши шут за продолжение.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/
Спорт
(Видео) Минесота со 22 тројки и пресуди на Оклахома
Кошаркарите на Оклахома ја продолжија одбраната на шампионските прстени во НБА со својот 11-ти пораз во тековната сезона. Минесота ја надигра Оклахома со 123:111.
Домашниот тим излезе на загревање во црни маички, со натпис за поддршка на граѓаните на најголемиот град во споменатата американска држава, по уличните убиства на цивили од страна на федералните агенти во последните недели.
Минесота ја забележа третата победа по ред, откако ја прекина серијата од пет порази. Оклахома загуби три од последните четири натпревари, но сепак е лидер во НБА лигата со 38 победи.
Ентони Едвардс постигна 26 поени, а Тимбервулвс го израмнија својот рекорд во сезоната со 22 постигнати тројки. Џејден МекДениелс постигна 21 поен, а Наз Рид додаде 18 поени.
Оклахома ја предводеше Шеј-Гилџес Александер со 30 поени.
Резултати:
Филаделфија – Сакраменто 113:111
/Макси 40 – Шредер 27/
Вашингтон – Милвоки 109:99
/Џорџ 23 – Тарнер 21/
Атланта – Хјустон 86:104
/МекКалум 23 – Дурант 31/
Чикаго – Мајами 113:116
/Досунму 23 – Пауел 21/
Далас – Шарлот 121:123
/Флег 49 – Кнупел 34/
Денвер – Бруклин 107:103
/Мари 27 – Портер Џуниор 38/
Финикс – Детроит 114:96
/Брукс 40 – Канингем 26/
Спорт
Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во нокаут фазата во Лига Европа
Заврши првата фаза во Лига Европа. Регионалните великани Црвена звезда и Динамо Загреб изборија место во плеј-офот. Црвено-белите го освоија 15-то место, а модрите завршија на 23-та позиција.
Црвена звезда, во последното коло, осигра нерешено во Белград со Селта 1:1, додека Динамо забележа пораз во Данска од Митјиланд 2:0.
Комплетни резултати:
Астон Вила – РБ Салцбург 3:2, Базел – Викторија Плзен 0:1, Бетис – Феенорд 2:1, Селтик – Утрехт 4:2, Црвена звезда – Селта Виго 1:1, ФЦСБ – Фенербахче 1:1, Го Ахед Иглс – Брага 0:0, Генк-Малме 2:1, Олимпик Лион – ПАОК 3:2, Макаби Тел Авив – Болоња 0:3, Митјиланд – Динамо Загреб 2:0, Нотингем Форест – Ференцварош 4:0, Панатинаикос – Рома 1:1, Порто – Ренџерс 3:1, Штурм=Бран 1:0, Штутгарт-Јанг Бојс 4:2.
Директен пласман во осминафиналето изборија: Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург, Рома.
Двојки за плејоф, ждрепката е утре во 13 часот:
Селтик/Лудогорец – Штутгарт/Ференцварош
Фенербахче/Панатинаикос – Нотингем Форест/Викторија Пилсен
Динамо Загреб/Бран – Болоња/Генк
Црвена звезда/Селта – ПАОК/Лил

