Спорт
Дембеле ќе се пензионира за седум години

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле изјави дека планира да се пензионира за седум години, кога ќе има точно 34 години.
„Сакам да се пензионирам на 34 години и да се занимавам со недвижнини и да инвестирам во Африка и Франција“, рече крилниот напаѓач во разговорот со сонародниците Аурелиен Чуамени и Жил Кунде во подкастот „ESN Media – The Bridge“.
Дембеле својата професионална кариера ја започна во Рен, за кој одигра 29 натпревари и постигна 12 гола, пред да потпише договор со Борусија Дортмунд за 35 милиони евра во 2016 година.
Во клубот од Дортмунд по 50 настапи и десет гола стана фудбалска ѕвезда, за него Барселона во 2017 година плати 140 милиони евра. Трансферот на Дембеле е трет најскап досега, зад Килијан Мбапе (180 милиони евра, од Монако во ПСЖ) и Нејмар (222 милиони евра, од Барселона во ПСЖ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Портер: Мојот брат е коцкар, а јас ги сакам жените

Новиот кошаркар на Бруклин Нетс, Мајкл Портер Јуниор, откри интересна работа од својот живот.
Портер Јуниор е неодамнешниот ас на Денвер Нагетс и одличен шутер кој му помогна на тимот од Колорадо да го освои шампионскиот прстен во 2023 година со победата над Мајами Хит во големото финале.
Сега Нагетс се впуштија во нов тим билдинг и го испратија Портер во Бруклин, а Камерон Џонсон дојде во Денвер.
За време на новата епизода од неговиот подкаст „Curious Mike“, Портер зборуваше за суспензијата на неговиот брат Џонтеј поради обложување и ја надополни целата ситуација.
„Секој има различни пороци. Секој е има проблем со нешто друго. Некој ќе има проблем со алкохол, некој со дрога, а мојот брат, на пример, е коцкар. Мојот порок е различен, отсекогаш сум ги сакал жените. Кога се оддалечувам од Бога, кога не се молам и кога Тој не ми е приоритет, тогаш ѓаволот го наоѓа своето место во ликот на жена“, рече Портер.
Спорт
Адетокумбо би можел да го пропушти Европското првенство

Грчката репрезентација влезе во последната фаза од подготовките за Европското првенство и се надева дека драмата со најдобриот играч, Јанис Адетокумбо ќе има среќен крај.
НБА ѕвездата на Милвоки Бакс не отпатува за Кипар, каде што Грција играше натпревари против Србија и Израел, и ги загуби двата. На почетокот се веруваше дека причината е мала повреда, но грчкиот портал „SDNA“ открива што се случува со Адетокумбо.
Станува збор за неплатената полиса за осигурување. Без неа, Јанис не може да игра за репрезентацијата, иако е целосно здрав и тренира индивидуално.
Како што објавува „SDNA“, неговиот клуб, Милвоки Бакс, е вклучен во целиот случај. Грчката кошаркарска асоцијација (EOK) не дава официјални изјави, но извори блиски до асоцијацијата потврдуваат дека сè е во рацете на франшизата од Висконсин.
Плаќањето на осигурувањето, кое би го заштитило играчот во случај на повреда, сè уште не е решено. Одлуката дали Адетокунбо ќе игра на Евробаскетот зависи и од Бакс, кои во моментов се фокусирани на потенцијалната размена на нивната суперѕвезда.
ЕОК се обиде да ја претстави приказната за „повредата“ на јавноста, но речиси две недели по почетокот на подготовките, Јанис не одработил никаков тренинг со репрезентацијата.
Од федерацијата доаѓаат само полуинформации, додека медиумите шпекулираат дека тој би можел целосно да го пропушти Евробаскетот – сценарио што би бил огромен удар за Грција.
Засега е познато дека Јанис нема да игра и против Црна Гора на 14 август во Солун. Ситуацијата станува сè потензична, а времето до почетокот на првенството неумоливо истекува.
Јанис молчи, алијансата молчи, Бакси исто така молчи. Нема јасни одговори, а грчките навивачи со право се загрижени. Само две недели пред почетокот на Европското првенство, молчат и челниците на федерацијата, а целата ситуација се заканува да се претвори во едно од најголемите катастрофи во историјата на грчката кошарка.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Распадори во Атлетико Мадрид

Доскорешниот играч на Наполи, Џакомо Распадори, потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид, објави клубот од „Метрополитано“ стадионот.
Финансиските детали не беа откриени, но италијанските медиуми објавија дека Атлетико му платил на клубот од Неапол околу 26 милиони евра отштета, вклучувајќи бонуси.
Распадори (25) е член на Наполи од 2022 година, а пред тоа играше за Сасуоло. Тој одигра 109 натпревари за клубот од Неапол, постигнува 18 гола и 10 асистенции, и освои две титули во Серија А со Наполи.
Распадори го освои Европското првенство во 2021 година со италијанската репрезентација, а одигра 40 натпревари за Италија, постигнувајќи девет гола.
foto/ atleticodemadrid.com