Спорт
Дембеле стана најскапиот играч во историјата на Барселона
Седум години по трансферот на Усман Дембеле (27) од Борусија Дортмунд во Барселона, крилниот напаѓач стана најскапото засилување во историјата на каталонскиот клуб.
Барселона го донесе Дембеле од Дортмунд за фиксни 135 милиони евра. Билд“, открива дека во изминатите седум години Борусија ги наплатила сите бонуси предвидени и реализирани во споменатиот трансфер од летото 2017 година, со што износот на обештетувањето за Дембеле е зголемен на 148 милиони евра.
Дембеле на тој начин го надмина Филипе Кутињо, кој беше најскапо платениот играч во историјата на Барселона, за три милиони евра. Тој беше купен во јануари 2018 година од Ливерпул за 145 милиони евра.
Барселона врати само една третина од инвестицијата на продажбата на Дембеле
Но, Дембеле, сега најскапото купување во историјата на Барселона и третото најскапо засилување во историјата на фудбалот беше голем и скап неуспех за Каталонците.
За седум години, поради проблеми со повредите и формата, Французинот имаше само 185 настапи со 40 гола и 43 асистенции.
На крајот со продажбата на Дембеле, Барселона врати само една третина од парите. Минатото лето ПСЖ за него плати 50 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

