Спорт
Денвер испушти +25 во ЛА, Мемфис славеше против Голден стејт

Финикс повторно ја презедоа челната позиција во НБА-лигата од Голден стејт. Изминатата ноќ, која ја обележа неверојатниот кам-бек на ЛА Клиперс против Денвер, Финикс го победи Торонто, додека Голден стејт забележа пораз од тимот кој се наоѓа во најдобра форма во лигата, Мемфис.
Голден стејт во Мемфис го доживеаја десеттиот пораз во 40.натпревар сезонава. Мемфис славеа со 116:108, за нив ова е деветтата победа во низа, додека Вориорс го забележаа третиот пораз на последните четири натпревари.
Џа Морент со 29 поени ги предводеше Мемфис, на спротивната страна Стеф Кари забележа трипл-дабл од 27 поени и по 10 скока и асистенции.
Денвер, во Лос Анџелес, испушти предност од 25 поени против Клиперси. Во третата четвртина Денвер ја имаше најголемата предност. На крајот Јокиќ не успеа да погоди тројка и да избори продолженија. Денвер во последната четвртина постигнаа само 19 поени.
Амир Кофи со 18, односно Реџи Џексон и Тајрис Ман со по 13 поени беа најефикасни кај Клиперси. Кај Денвер се истакнаа двајца играчи: Ерон Гордон со 30 поени и 12 скокови и Никола Јокиќ со 21 поен, 13 скока и осум асистенции.
Резултати: Вашингтон-Оклахома 122:118, Торонто-Финикс 95:99, Чикаго-Детроит 133:87, Њу Орлеанс-Минесота 128:125.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мартин одбил да ја напушти Барселона

Барселона се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј (FFP) и ова лето, поради што сè уште е веројатно дека еден играч од првиот тим ќе го напушти клубот. Нема повеќе простор за регистрација на нови играчи, па затоа е јасно дека би требало да се направи барем еден трансфер, за да може во клубот да пристигне нов играч.
Еден од кандидатите за продажба е играчот од средниот ред Марк Касадо (21). За него постои интерес од бројни клубови подготвени да потрошат околу 30 милиони евра, но Касадо одлучи да остане на „Камп Ноу“. Клубот ја прифати неговата одлука и не планира да го принуди да си замине.
Сосема поинаквае ситуацијата со Жерар Мартин (23). Вулверхемптон понуди 15 милиони евра за левиот бек. Барселона ја прифати таа сума бидејќи значително би помогнала во решавањето на проблемот со FFP и започна преговори.
Сепак, Мартин го одби трансферот и не сака да слуша за понудите што доаѓаат за него, пишува Каталонски „Спорт“. Тој сигурно ќе остане во клубот до јануари, кога ќе се разгледа колку е важен за тренерскиот тим на Ханси Флик, а потоа, доколку не игра важна улога, би можел да си замине.
Спорт
Исак: Кога ветувањата се прекршени, врската не може да продолжи

Вечерва, Александер Исак беше вклучен во најдобриот тим од минатата сезона на Премиер лигата, во изборот на фудбалерите. Шведскиот напаѓач во последните денови е во центарот на трансфер сагата, во која се обидува да го напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул.
Исак долго време молчеше и избегнуваше медиумски настапи, но вечерва објави „стори“ на Инстаграм во која истакна дека Њукасл не ги исполнил ветувањата и дека би било во најдобар интерес на сите страни да се направи промена, односно трансфер. Ја пренесуваме изјавата на Исак во целост:
„Горд сум што бев признат од моите колеги професионалци и вклучен во тимот на Премиер лигата за сезоната 2024/25. Прво, сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите во Њукасл јунајтед кои ме поддржаа на тој пат. Не сум на церемонијата вечерва. Со оглед на сè што се случуваше, не чувствував дека треба да бидам таму.
Долго време молчев додека другите зборуваа. Таа тишина им овозможи на луѓето да ја промовираат својата верзија на настаните, иако знаат дека не го одразува она што всушност беше кажано и договорено зад затворени врати. Реалноста е дека ветувањата беа дадени, а клубот долго време знаеше за мојот став.
Да се однесуваш сега како сега да се појавија проблемите е погрешно. Кога ветувањата се прекршени и довербата е изгубена, односот не може да продолжи. Сега сум тука и затоа промената е во најдобар интерес за сите, не само за мене.“
Ливерпул беше информиран претходно дека Њукасл нема да ја прифати понудата од околу 140 милиони евра. Од Ливерпул изјавија дека нема да испратат нова понуда освен ако Њукасл не го промени својот став.
Спорт
Џон Вол објави крај на кариерата

Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи.
По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“.
Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот.
Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 година, а потоа играше за Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс, а од 2023 година, Џон Вол нема тим.
Тој беше елитен НБА плејмејкер, прототип на играч од старата школа кој секогаш ќе се стреми прво да асистира и имаше просек од 18,7 поени со 8,9 асистенции, 4,2 скока и 1,7 украдени топки во 647 натпревари во кариерата во НБА.
Во 2019 година, Вол потпиша супермакс договор со Вашингтон, во во краток период доживеа две тешки повреди што го доведоа до депресија и речиси ја завршија неговата кариера уште тогаш.
Фото/ Принтскрин