Спорт
Денвер немоќен во Хјустон (видео)

Кошаркарите на Хјустон Рокетс во дерби-мечот што се одигра изминатата ноќ во НБА-лигата го победија убедливо Денвер Нагетс со 112:85. Хјустон има скор од 48 победи и 28 порази и е четврти на Западот, а Денвер е втор со 50 победи и 24 порази.
Втората четвртина го даде одговорот за победникот на мечот во Хјустон кога првата четвртина ја добија играчите на Денвер со 22:25. Во вториот период „ракетите“, предводени од Клин Капела (13 поени, 11 скока, само во втората четвртина), го декласираа противникот со 40:19.
Капела мечот го заврши со 17 поени и 15 скока, а најефикасен беше Џејмс Харден (38 поени, 6 скока, 6 асистенции). Кај Нагетс се истакнаа Џамал Мареј (20 поени), Никола Јокиќ (16 поени, 8 скока, 6 асистенции) и Монте Морис (16 поени).
Резултати:
Детроит Пистонс-Орландо Меџик 115:98
Филделфија-Бруклин Нетс 123:110
Мајами Хит-Далас Маверикс 105:99
Њујорк Никс-Торонто Репторс 92:117
Милвоки Бакс-ЛА Клиперс 128:118
Њу Орлеанс Пеликанс-Сакраменто Кингс 121:118
Сан Антонио Спарс-Кливленд Кавалирс 116:110
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Украдени велосипеди вредни 250.000 евра

Велосипедскиот тим Висма, тимот на лидерот на Вуелта, Данецот Јонас Вингегор, се соочи со голем проблем. Преку ноќ од камионот на механичарот биле украдени велосипеди. .
Италијанската полиција, во земјата каде што се одржуваат воведните етапи на Вуелта, го истражува случајот и вели дека се украдени „неколку велосипеди“. Медиумите објавија дека украдени се 18 велосипеди чија вредност изнесува 250.000 евра.
„Нашите механичари работат многу напорно за да се осигурат дека тимот е целосно подготвен за третата етапа“, се вели во соопштението на тимот.
Вингегор ја зеде црвената маичка за лидерот во трката, со победата на етапата во недела.
Двократниот победник на Тур де Франс сепак ќе биде без помошта на својотколега Аксел Зингл во остатокот од трката, кој мораше да се повлече по тешкиот пад на дождливата етапа во неделата.
Третата етапа е долга 134,6 километри и завршува со искачување до Церес во италијанските Алпи, северозападно од Торино.
Вингегор, кој веќе двапати го освои Тур д’Франс, се смета за главен фаворит на овогодинешната Вуелта, бидејќи актуелниот победник на Тур д’Франс, Тадеј Погачар, и четирикратниот шампион на Вуелта, Примож Роглич не учествуваат на оваа трка.
Спорт
(Видео) Тинејџер во 100.минута погоди за триумф на Ливерпул

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.
Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.
Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.
Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.
По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.
Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.
Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.
foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
(Видео) Интер со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5:0 (2:0).
„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.
„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.
Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.
Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.
Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI