Спорт
Десетте најголеми банкрот – спортисти во светот (фото)

Лоши инвестиции, растурен живот, пороци, алиментации. Ова се само дел од причините поради кои многу спортски асови останаа без своите милиони заработени на спортските борилишта.
Претставена е листата од 10 спортисти кои биле на самиот врв, имале се што ќе посакаат, а тогаш за кратко останале без се.
-Мајк Тајсон (бокс) – 350 милиони евра.
-Ивандер Холифилд (бокс) – 200 милиони евра.
-Ален Ајверсон (кошарка) – 180 милиони евра.
-Мичел Вик (НФЛ) – 100 милиони евра.
-Ентони Вокер (кошарка) – 98 милиони евра.
-Скоти Пипен (кошарка) – 95 милиони евра.
-Латрел Спривел (кошарка) – 90 милиони евра.
Вин Бејкер (кошарка) – 85 милиони евра.
Дерик Колман (кошарка) – 80 милиони евра.
Борис Бекер (тенис) – 70 милиони евра.
На сите овие екс-спортски асови може да им се придружат и Денис Родман (кошарка), Мерион Џонс (атлетика), Џорџ Бест (фудбал) и многу други.
'Thwim tigger Thwim' @MikeTyson @TheLadBible pic.twitter.com/ED40aGJZun
— TRUTH (@true_truth_) November 16, 2015
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заедно со Премиер лигата, уште една официјално го освои петтото место во Лигата на шампионите

Сега е официјално – Ла Лига доби петти учесник во Лигата на шампионите.
По резултатите од оваа недела, Шпанците ја потврдија својата доминација во сите натпреварувања и ќе имаат пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Во четвртокот, Атлетик Билбао во Лигата на Европа и Бетис во Конференциската лига се пласираа во полуфиналето, а претходно Барселона обезбеди борба за финалето во Лигата на шампионите.
Како што стојат работите на табелата, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе бидат во Лигата на шампионите, додека Виљареал со 51 бод и Бетис, кој има три помалку, ќе се борат за петтото место.
Пред Ла Лига, Премиер лигата обезбедуваше пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Битката е многу пожестока таму, бидејќи разликата помеѓу третопласираниот Њукасл и седмопласираната Астон Вила е само пет бода, а помеѓу нив се Нотингем Форест, Манчестер Сити и Челзи.
Спорт
Аморим е јасен: Фокусот е на Лига Европа

Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот камбек против Лион.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 2:0, па губеа со 2:4 на само шест минути до крајот на продолжението, а потоа го направија еден од најголемите пресврти и стигнаа до 5:4.
Многу работи беа чудесни во пресвртот на Јунајтед, но многу работи ќе треба да се поправат за повеќе да не се соочуваат со ситуација да примат два гола со играч повеќе на теренот. За тоа е свесен и Рубен Аморим.
Тренерот на англискиот клуб како прва цел до крајот на сезоната ја спомена Лигата на Европа.
„Освојувањето на ова натпреварување би било единствениот билет за Манчестер Јунајтед за Европа следната година: „Мораме да ризикуваме со децата во Премиер лигата, мора да се фокусираме на Лига Европа“, изјави Аморим.
Јунајтед одамна ги загуби сите шанси да дојде до добра позиција во Премиер лигата за Европа, а Атлетик Билбао ќе им застане на патот во полуфиналето на Лига Европа.
Спорт
Санчез е блиску до враќање во татковината
Алексис Санчез ја заокружи европската приказна во својата кариера со враќањето во Удинезе, а се чини дека неговата бајка ќе има уште еден убав момент, можеби и последен во кариерата.
Поранешниот напаѓач на Арсенал и Барселона го започна своето европско патување во Удинезе, каде што игра и денес. Сепак, тој би можел да го напушти тимот од северот на Италија по истекот на договорот со тимот од Удине и да се врати во Чиле.
Договорот на Санчез со италијанскиот тим трае до летото 2026 година, кога треба да се раздели и со Удинезе. Т
Санчез многу рано си замина од Чиле, а немаше можност да игра за првиот тим на клубот за кој навива Универсидад. Сега, се чини, ќе ја има таа можност.
Од чилеанскиот клуб сериозно се распрашуваат за Санчез, но не се единствените заинтересирани. Наводно интерес за неговите услуги покажава и Ривер кој би сакал да го вклучи во составот, сега останува на Санчез што ќе избере.