Спорт
Дешам: Килијан Мбапе нема големо его!

Францускиот селектор Дидие Дешам ги отфрла тврдењата дека неговата прва ѕвезда, Килијан Мбапе има „голем его“ и инсистира дека тој нема никакво влијание во неговиот избор на составот на „триколорите“.
Околу 23-годишниот Мбапе има голем број тврдења дека има проблем со тоа што не трпи поголеми ѕвезди од себе, посебно во Пари Сен-Жермен, каде што доби фантастичен нов договор со големо влијание на одлуките на тимот. Но, Дешам најави дека може да го „ротира“ на мечот против Тунис и посочи дека тој го има авторитетот.
„Тој е физички подготвен и не треба да го менаџираме тоа, така што велите дека треба да го менаџирам неговото его? Што знаете за тоа? Јас знам, но вие не знаете. Килијан нема големо его, тоа не е вистина. Тој е клучен играч, но е тимски играч. Секако, несомнено сега е ѕвезда, нема веќе 18 години, туку има далеку поголемо искуство. Сака да игра утре, но нема да може да стартуваат сите. Можете да замислите колку фактори земам во предвид. И тоа е информација од прва рака“, вели Дешам.
Франција веќе има обезбедено пласман во осминафиналето по двете победи над Австралија и Данска, но сигурно ќе го задржат првото место во групата Д ако го победат и Тунис. Мбапе, како и Коди Гакпо има постигнато три гола на Мундијалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри на ИТФ фјучерс-турнирот во Монастир (Тунис), кој има награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во четврт-финалето го совлада Австриецот Себастијан Соргер со 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Во полуфиналето македонскиот тенисер за ривал ќе го има Стефанос Сакеларидис од Грција.
Спорт
Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбал: Македонија ЃП загуби од Берое

Македонски и бугарски клубови сепак играат фудбалски натпревари на подготовките во Анталија. И покрај дел од бугарските клубови кои одбија да играат, сепак, денеска беше одигран меч меѓу Македонија ЃП и Берое.
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП загуби од бугарскиот тим Берое со 3:2.
Кристијан Стојковски донесе водство за Македонија ЃП, а на почетокот на второто полувреме Берое израмни преку Вини Трибуле.
Во 80. минута Дамјан Јорданов се погрижи за пресврт, а потоа Трибуле постигна втор погодок за 3:1. Конечниот епилог го постави Славков.
Спорт
Работнички го промовираше Амар Хаџибулиќ, наследникот на Столе Димитриевски

Македонскиот прволигаш Работнички објави дека потпиша прв професионален договор со најновиот голем бисер од младинската школа, голманот Амар Хаџибулиќ.
„ФК Работнички со гордост го објавува првиот професионален договор со големиот талент, голманот Амар Хаџибулиќ. 16-годишниот чувар на мрежата е најновото име кое доаѓа како производ од одличната работа во пионерско-младинската академија на клубот“, објави ФК Работнички на официјалниот сајт.
Амар Хаџибулиќ треба да биде најновото голманско откритие кое ќе чекори по стапките на Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристе Јанков, одличните голмани кои заминаа во странство од редовите на ФК Работнички.
Амар Хаџибулиќ е репрезентација на Македонија во селекцијата до 17 години.